fbpx

Соопштенија

Граѓаните со својот живот го плаќаат криминалот на власта

Соопштение до јавноста

Цела Македонија е сведок на рекетарската шема на Заеви. Милиони за излегување од притвор, монтирани судски процеси и селективна правда. Пред очите на целата македонска јавност се тргуваше со правдата, се рекетираше и корумпираше, се носеа политички одлуки под закани и притисоци од судството кое е под целосна контрола на Заеви.
Приоритетот на Владата на СДСМ и во екот на светска пандемија остана криминалот и корупцијата, државните пари и натаму завршуваат на сметките на државни и партиски функционери на СДСМ.
Резултат на неспособноста на власта е секојдневната трицифрена бројка на новозаразени во Македонија и рекорден број на починати, додека на Заев приоритет број еден останува да му биде рекетот.
Целата македонска јавност слушна каде треба да ги бараме рекетираните милиони, само Вилма Русковска и Љубомир Јовевски останаа глуви пред наводите за милионски криминал.
Веќе е јасно дека станува збор за добро организирана рекетарска шема на мафијата во која се вмешани обвинители, адвокати и судии која тргувала со правдата изминатите три години.
Благодарение на истите тие рекетарски шеми, нефункционален е и македонскиот здравствен систем. И по три години нема трага и глас од новиот клинички центар, а секојдневно слушаме за скандали во здравството во време кога во Македонија хара епидемијата на коронавирусот.
Граѓаните со својот живот го плаќаат криминалот на власта.
Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости