fbpx

Соопштенија

Власта на антимакедонската СДСМ бесрамно го крие протоколот, документот кој ги содржи сите барања на Бугарија и кој води до асимилација

Соопштение до јавноста

Власта на антимакедонската СДСМ  го крие протоколот од очите на јавноста. Тие без срам велат дека прво овој протокол ќе се потпише, а после ќе се објави, со што сакаат јавноста во Македонија да ја доведат пред свршен чин. А протоколот е клучниот домумент од Предлогот. На него се повикува преговарачката рамка и овој документ всушност ги содржи сите бугарски барања. Според тоа кое што го објавија странските медиуми овој протокол предвидува конкретни обврски за Македонија во конкретни рокови. Според протоколот во точно определено време Македонија ќе треба да менува учебници, историски лекции за настани и личности, споменични обележја и се според диктат на Бугарија. Ова понижување кое сака власта на Ковачевски да му го направи на народот не дава европска перспектива, туку носи или бесконечни преговори или асимилација.

Предлогот кој што Ковачевски и Османи се подготвени да го прифатат е спротивен на европските вредности и на европските принципи. Македонија не бара ниту повеќе ниту помалку од условите кои ги имале сите земји кои станувале членки за ЕУ, а тоа се Копенхашките критериуми. Власта на Ковачевски треба да се вразуми и да застане зад предлозите за измени кои ги дава ВМРО-ДПМНЕ со кои се обезбедува достоинствен пат и  влез на Македонија во Европската Унија.

Тоа што власта се инати и не ја почитува волјата на народот резултира со масовни секојдневни протести во Скопје и другите градови во Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и денес дава поддршка и ги повикува граѓаните да учествуваат на масовниот достоинствен и гласен сенароден протест кој ќе започне во 19 часот пред платото на Владата. Народот никој не успеал да го победи. Затоа побројни и помотивирани да кажеме Ултиматум, НЕ благодарам.

Последни новости