fbpx

Соопштенија

Казните за народот кој го блокираше патот Струмица - Радовиш се противуставни, одговорност ќе има

 Соопштение до јавноста

Казните за народот кој го блокираше патот Струмица - Радовиш се противуставни, одговорност ќе има.

МВР на Спасовски се обидува да ги заплаши граѓаните кои протестираа против предлогот на Ковачевски кој значи бугаризација на Македонија и македонскиот народ, со казни кои се косат со Уставно загарантираното право на протест.

Власта знае дека не може да го забрани протестот, па се одлучи граѓаните кои ги блокираа патиштата да ги казни за непрописно движење по пат и непрописно паркирано возило.

Мизерни се обидите на Спасовски и Ковачевски преку прекршочни казни да ги сузбијат протестите.

Одговорност за ова злоупотреба на законите и институциите ќе има.

Народот е против бугаризација. И власта не може да го спречи да каже НЕ за Ултиматумот.

Последни новости