fbpx

Прес конференции

Мицкоски: Овој Спортски комплекс младите да го користат што повеќе, само преку спортот имаме здрав дух

Почитувани,

На покана на градоначалникот еве и јас сум денеска тука, да го отвориме овој Спортски центар. За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат.

Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме.

Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да  го користат младите овдека во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.

А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас.

 

 

 

Последни новости