fbpx

Прес конференции

Лефков: Ако психотропните супстанции се од 2016, немало црногорските власти да знаат дека се кријат во тоа возило, очигледно е дека се работи за пресретнат шверц

 

Почитувани,

Има ли скандал кој не и се случи на државата под водство на криминалниот дует Спасовски - Заев.

Станавме и за потсмев на регионот.

Оливер Спасовски е должен и одговорен како министер за внатрешни работи да и објасни на јавноста зошто врши институционализација на криминалот? Како МВР водена од Оливер Спасовски успеа да стане дувло на криминал.

Запленетите психотропни суптанции во возило на МВР во Црна Гора проследена со смешното и патетично објаснување за заборавени психотропни суптанции од пред 5 години уште еднаш покажува дека МВР на Спасовски наместо да ги гони и лови криминалците со психотропни суптанции, истите ги заштитува.

Јавноста знае кој во изминатите 5 години произведува, шверцува и работи со психотропни суптанции.

Семејството Заеви како сопственици на најголемите плантажи за производство на психотропни супстанции, началникот Чипсио и шоферот на Заеви како докажани шверцери, а сега дали во таа низа и официјално се вклучи и Спасовски?

Зошто Спасовски молчи за случајот со запленетатаите психотропни суптанции во Црна Гора? Смешни се објаснувањата од МВР дека психотропните суптанции се од 2016 година и истата е во возилото. Од 2016 година до денес има повеќе од 5 години,а Оливер Спасовски без прекин министер во МВР и тој имал доволно време да се запознае секое едно делче од министерството, а не да му останат психотропни суптанции во автомобил. Кого лаже Спасовски?

Ако возилото било на МВР, а психотропни суптанции се од 2016 година, а не од сега, како знаеја црногорските власти дека токму во тоа возило има психотропни суптанции? Знаеме дека полициските сили низ државите работат со дојави и информации кои ги поседуваат партнерските служби, тоа што фатиле психотропни суптанции во возило на МВР говори дека тие не се од пред 5 години, туку од сега.

ЈО да не чека на Спасовски кој добро глуми, нека ги праша црногорските власти за помош, и тоа нека ги праша од каде се психотропните суптанции, каде требало да бидат испорачани и кој стои зад нарачката, очигледно е дека станува збор за пресретнување на шверц на психотропни суптанции Доколку ЈО не побара таква помош очигледно станува дека ги штити криминалците во МВР под водство на Спасовски, кој им е шеф не само службено, туку и во криминал.

Почитувани,

Доколку психотропните суптанции биле од 2016 година, тие немало да седат во возило на автопаркот во МВР со години, туку веќе ќе биле уништени. Секоја заплена на психотропни суптанции се регистрира, а тие се уништуваат, не се чува во МВР.

Очекуваме ЈО да постапи стручно и професионално, сите факти во случајот се на дофат на рака. Одговорност за директните шверцери, нивните налогодавци, но и за Спасовски, кој е прв во институцијата на кој овој скандал му е еден во низата многу скандали кои го тресеа МВР.

Последни новости