fbpx

Прес конференции

Мизрахи: Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес до Џафери ќе поднесе Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции

Почитувани,

Колку вреди човечкиот живот?

Неотповиклива оставка и понесување на одговорност од етички и морални причини е доблесен чин на искрен, чесен и самосвесен човек. На политичар и човек кој поседува личен интегритет и достоинство.

За жал, министерот за здравство Венко Филипче докажа дека не е тој човек. Зоран Заев докажа дека не е тој човек. Очигледно, во нив нема ниту доблест, ниту грижа на совест, ниту искреност. Во нив нема никакво чувство на одговорност за трагедијата која што се случи во Тетово.

Наместо одговорност и одговори, повеќе од 10тина дена гледаме како власта од петни жили, на секој можен начин се труди да го заташка целиот случај. 14 лица, 14 наши сограѓани ги загубија своите животи, а на Зоран Заев и Венко Филипче око не им трепнува. Без нималку срам ја замајувата јавноста неколку дена со измислената оставка на Филипче, за потоа да се преправаат како ништо да не се случило, се однесуваат како да нема 14 црно завиени и ожалостени семејства. 

Почитувани,

Ова мора конечно да престане!

Некој мора да одговара за загубата на овие човечки животи!

Одговорност мора и ќе има!   

Токму од тие причини, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес до претседателот на Собранието на  Република Македонија ќе поднесеме Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции.

На крајот, како пратеници, но и како обични сограѓани и граѓани, сакаме да упатиме неколку прашања до Заев, Филипче и сите останати инволвирани во оваа трагедија,

Зарем 14 загинати во монтажна болница не се причина да проработат, во најмал случај, моралот, етиката и совеста? Зарем човечкиот живот е поважен од министерувањето, од удобната кожна фотелја во која што безгрижно седат Заев и Филипче, додека семејствата на жртвите ги чекаат и ги бараат одговорите за трагедијата во која ги загубија своите најмили?

Г-дине Заев, г-дине Филипче, барем покажете сочувство, покажете грижа на совест и веднаш понесете политичка одговорност бидејќи етичка и морална покажавте дека воопшто немате. 

 

 

Последни новости