fbpx

Прес конференции

Арсовски: Три нови докази дека тендерот во ЈП Водовод бил наместен

Почитувани,

Целокупната јавност и скопјани вчера имаа можност да видат како е наместен тендер во јавното претпријатие Водовод, во вредност од 300.000 евра, каде што фирмите КБК Инженеринг и Кодинг 2, во јули 2020-та година започнале реконструкција на водоводна мрежа на ул. „Варшавска“, во август ја завршиле, а целиот тој период фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2 работеле без договор, односно без да има најповолен понудувач.

Вчера јавното претпријатие Водовод и директорот Весковски признаа кривично дело, со тоа што во документите што ги пратија самите за избор на најповолен понудувач се гледа дека изборот е вршен на 01.10.2020 година. Целата реконструкција на водоводната мрежа е завршена месец ипол претходно.

Има ли што повеќе да се говори за овој случај?

Фирмата КБК Инженеринг најверојатно во непосреден договор со ЈП Водовод и градските власти договориле да отпочнат и да сработат, што само по себе е кривично дело, да се заврши реконструкција на водоводна мрежа, а дури потоа да има избор на најповолен понудувач и баш тоа да е фирмата која што ја завршила работата претходно.

Е сега, денес ќе изнесеме нови докази дека е работено без договор за најповолен понудувач.

На ден 24-ти јули 2020 година јавното претпријатие бара надзор над изградба конкретно за реконструкција на постоечки водовод од ул. „Варшавска“. На барањето за надзор јасно пишува дека изведувач на работите ќе биде фирмата КОДИНГ 2 ДООЕЛ Скопје.

Поголем доказ од ова дека си избрале во јули месец самите меѓу себе која фирма ќе работи, нема и не може да има. На 24-ти јули во писмен официјален документ на јавното претпријатие пратен до друга институција кажуваат која фирма ќе работи, односно како што гледате по сликите веќе работи, без да има избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми кои што го добиле тендерот односно ја потпишале рамковната спогодба во април 2020-та година.

Доказ број 2 е евидентниот лист за хлорирање од 24-ти јули, кој го потпишал раководителот на секторот за технички работи и развој на ЈП Водовод, каде што пишува дека мрежата може да се хлорира. Се хлорира секоја мрежа веднаш после одредена реконструкција на истата водоводна мрежа.

Доказ број 3 е извештајот од тестирање квалитет, односно дезинфекција на мрежа, од 29-ти септември, каде што се врши испитување дека водата е питка и може да се пие, што повторно потврдува дека реконструкцијата е завршена пред да биде изборот за најповолен понудувач. Ова е на 29-ти септември, а изборот за најповолен понудувач се случил електронски на први октомври 2020-тата година.

Како е можно баш фирмата КБК и Кодинг 2 да имаат најниска цена на први октомври, откако е завршена целата работа, а другите четири фирми да немаат забелешки и жалби по основ на самиот тендер?

Очигледно е дека на двоецот на Шилегов – Весковски заедно со КБК Инженеринг и Кодинг 2 им било претходно договорено фирмата да изработи за потоа да го добие тендерот кој што јасно се гледа согласно вчерашната прес конференција, согласно денешните три докази кои што ги покажавме дека тендерот за избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми од рамковната спогодба е наместен.

Почитувани,

Следете не внимателно и јавноста и медиумите и институциите, наредните денови ќе следат уште детали. Институциите нека не спијат и нека се фатат за работа.

 

 

Последни новости