fbpx

Прес конференции

Оставката на Филипче е изнудена, потребана е кривична одговорност која ќе даде одговор за пропустите за работењето на болницата

Почитувани,
Оставката на Венко Филипче не е морална одговорност, изнудена е. Да ја чувствуваше ќе си дадеше оставка уште првиот ден по несреќата.

Овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи.
Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани.
Потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана.
Вистинските прашања на кои истрагата и кривичната одговорност треба да даде одговор се пиврзани со пропустите кои доведоа во болница, објект под надлежност на министерството за здравство и Владата да згаснат 15 животи.
Каков бил проектот и тендерот за изградбата на болниците?
Како се градени модуларните болници?
Со каков материјал, зошто огнот толку брзо продрел и  дали болниците имаат употребна дозвола?
Зошто според сведоштвата на преживеаните во болницата немало ниту еден противпожарен апарат?
Зошто роднини на болни биле во болницата и дали се работи за недостаток на медицински персонал наспроти уверувањата на Филипче и Заев во текот на целата здравствена криза дека се под контрола и дека институциите имаат сопствен капацитет во справувањето со предизвиците?
Ова се вистинските прашања на јавноста за кои очекуваме одговори.
А не дали Филипче го чувствува она што се подразбира дека треба да го има а тоа е морална одговорност.
Одговорите на овие прашања треба да ги даде објективна истрага, а таа не е можна додека оставка не си дадат Венко Филипче, Артан Груби и Зоран Заев.
Не ни треба истрага каде ќе биде во стилот на кадија те тужи кадија те суди, туку вистинска истрага без овие носители на моќ во неа.
Вака како што стојат работите ова е очајно и кон народот потценувачко сценарио да се даде оставка, а да не се прифати. Тоа само по себе покажува колку истете чувствуваат одговорност.
Сосема на крај, Заев и СДСМ се обидуваат да направат фингиран театар.
Организараат партиска поддршка за Венко Филипче. Тоа го покажува моралното дно во кое се допира.
Нема да им помине оваа игра на штета на животите на луѓето.
Вашата неспособност Македонија ја чини животи.
Линк од видео материјал:
.be" target="_blank" rel="nofollow noopener noreferrer">
.be

Последни новости