fbpx

Прес конференции

Веднаш власта да престане со прославите кои што ги организира од народни пари, да дојдат во Кочани, ситуацијата е алармантна

 

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш замина во Кочани со цел да помогне на граѓаните.

Мицкоски при посетата увиде дека ситуацијата е алармантна. А, на тоа укажа и пратеникот Миле Лефков.

„Овде буквално во Кочани е борба за Кочани, стихијата еве гледате сега прејде во Тркање, се префрли на оваа страна и гореше борова шума над Кочани. Буквално во Кочани граѓаните сами се снајдуваа“, нагласи Лефков.

Лефков додаде дека сите граѓани излегоа со лопати, со вили, кој со што може и како умее да се спасува. А, за жал никаква реакција немаше од ЦУК.

„Директорот на прослава денес беше, наместо да реагира тој се уште си слави“, рече Мицкоски.

Лефков укажа дека за жал од власта никако да завршат со прославата, а Кочани гори.

„Упатувам апел до претседателот и до надлежните не до утре да чекааат, туку денеска да дојдат веднаш за тоа што ситуацијата е алармантна. Не да чекаат утре да се разбудат од прославата денешна, веднаш да се нацртаат овде и веднаш да почнат да го гасат пожарот овде во Кочани“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека дека е време власта да престане со прославите кои што ги организира од народни пари, и да дојде во Кочани и да се помогне на граѓаните.

 
 
Линк од видео материјал: 
 
  • https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1927868014055315
 
 

Последни новости