fbpx

Прес конференции

Мицкоски: Со Резолуцијата ќе се покаже и утврди во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на национални и државни интереси

Почитувани

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет.

Изразуваме задоволство што Собранието ја задржа содржината на Резолуцијата, таа остана во содржината таква каква што ја достави нашата пратеничка група. Да потсетам дека текстот на Резолуцијата е базиран на научни темели и аргументи.

ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека има здрав политички концепт кој овозможува истовремено градење на цврсти позиции за македонските се разбира национални и државни интереси со консензус, потврда на евроинтегративните процеси на Македонија, но и капацитет за обединување на сите чинители околу вакви, според нас суштински прашања.

Благодарни сме и до политичките субјекти кои искрено, но и на оние кои помалку искрено ја поддржаа Резолуцијата.

Ние сме рационални и знаеме дека зборот на власта не трае ни пет минути, но сметаме дека ваквата Резолуција како акт на законодавниот највисок демократски дом не може и не смее да биде прекршен и ќе биде обврзен акт за оваа и секоја идна Влада, Претседател на држава и секоја институција по однос на идентитетските теми и прашања.

Овој процес и оваа Резолуција, во нормални услови, требаше да биде водена од власта во Македонија, а не од опозицијата, бидејќи тоа ќе беше израз на политичка одговорност и дека токму најодговорните во една држава се најсвесни за потребата да се гради единство во Македонија по однос на овие прашања.

Нема да ги коментираме ситните маневри и игри кои ги гледавме изминатиот период, а имаа за цел да ја релативизираат ваквата Резолуција. И за нас и за Македонија е успех што успеавме да донесеме токму ваква Резолуција.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме посветени на двата клучни приоритети кои се еднакво важни и неразделни, а тоа се евроинтеграциите на Македонија и заштита на македонските национални и државни интереси.

Време е паметно да носиме решенија и да се бориме за сите луѓе во Македонија. Македонија  мора да научи да гради национален и државен консензус, кој нема да зависи од тоа дали некој поради незнаење и неодговорност ќе создава нови спорови, ќе тргува со идентитетски обележја, историски периоди, херои, јазик и што ли уште не, кој што ќе отвораат нови прашања и ќе го принудуваат македонскиот народ на нови преговори и отстапки на негова штета.

Време е Македонија да покаже и утврди во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на национални и државни интереси.

 

 

Последни новости