fbpx

Прес конференции

Стојаноска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за поврат на парични средства потрошени за имунизација против корона вирусот во Србија

Почитувани,

Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог на закон за поврат на парични средства потрошени за имунизација против корона вирусот Covid-19 во Република Србија, по скратена постапка.

Овој предлог закон ги уредува начинот и условите за остварување на право на поврат на средства за реални трошоци направени за време на имунизација против Корона вирусот во Република Србија.

Во процесот на набавка на вакцини против Корона вирусот Република Србија се покажа како водечка држава во регионот која на државите кои не успеаа да набават вакцини им овозможи бесплатна вакцинација на нивното население.

Според податоците објавени од српските власти само во март во Србија се вакцинирале околу 15.000 македонски граѓани. Бесплатната вакцинација за македонските граѓани продолжи и во јуни и сеуште трае, а според податоците овие бројки до денес се зголемени за двојно повеќе па податоците покажуваат дека во Република Србија до половината на месец јуни се вакцинирале повеќе од 30.000 македонски граѓани.

Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.

Целта на овој предлог закон е на овие граѓани кои не по нивна вина, морале својот спас и својата имунолошка заштита да ја побараат во соседна Србија, државата да им овозможи поврат на средствата за реалните трошоци направени за време на имунизацијата во Република Србија.

Македонските граѓани наместо да се имунизираат во своето место на живеење. Поради неспособноста на македонските власти кои сеуште никако да обезбедат поголема количина на вакцини против Корона вирусот мораа да патуваат во соседна Србија што претставуваше и сеуште претставува дополнителен трошок за секој од нив.

Дополнително сакаме да потенцитаме дека според официјални податоци има и група на граѓани кои што се имунизирале и во други соседни земји и тие граѓани преку амандмански интервенции во законот ќе бидат опфатени во повратот на средствата за имунизација.

Ги повикуваме пратениците од парламентарното мнозинство и од останатите опозициски партии да дадат поддршка на овој закон кој што обезбедува фер однос на државата спрема оваа група на граѓани.

 

Последни новости