fbpx

Прес конференции

Ивановски: Градоначалникот на Делчево вети пат до Црна Скала и мост над Брегалница, на три месеци до избори ништо не е почнато

Интегрален текст од „Коментар на денот“ - Сашко Ивановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево
 
Пред неполни 4 години кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на СДСМ, Горан Трајковски вети изградба на меѓународниот пат Делчево-Црна скала. Божем кандидат за министер е. Од ветеното ништо на виделина. Требаше да знае дека за да застанеш пред граѓаните на Делчево и јавно да ветиш дека ќе направиш пат долг 10 километри, а за тоа ти се потребни пари  од 10 општински буџети, е потценување на интелигенцијата на сите Делчевчани. Самоувереноста и пустата желба за власт го натераа да си даде рок до 2021 година.
 
Во овие 4 години ниту еднаш на ниту една дебата, трибина, форум или било каков јавен собир не спомна до каде се работите, постапките или идејата, а не пат да прави.
Пред неполни 4 години истиот овој човек вети и реконструкција на мостот на улица “Индустриска”. Самобендисаноста и увереноста дека неговиот ментор Заев ќе му помогне одеше дотаму што рокот за оваа работа беше 2018 година. Ништо и од оваа работа. За стотина дена колку што остануваа не може ни да го фотографира мостот а не да го направи.
 
Лагите тука не застануваат. Продолжи и вети доизградба и доуредување на Кејот на реката Брегалница на потег од црквата “Св. Кирил и Методиј” до СРЦ “Пијанец” како и од мостот на улица “Илинденска” до хотел “Македонија”. Самиот си стави рок до 2018 година. Време е да го потсетиме дека и од ова ништо нема остварено.
 
Понатаму вети и изградба на улици во населбата Звегорска река. Ги гледаше луѓето во очи и ги лажеше без трошка срам.  Луѓето заслужуваат и треба да добијат улици. Јавно прашувам до каде е постапката бидејки и нив ги излажавте.

Делчевчани видоа дека не ти се битни ниту патишта, ниту улици, ниту паркови, ниту мостови. Видоа дека за тебе важна е фотелјата, моќта парите и привилегиите, кафаните и забавите, а народот нека му ја мисли.
 
Оваа е животот што го ветивте, оваа е суровата реалност. Нам таков живот и таква власт не ни треба.

Време е да си заминете. Македонија за сите луѓе!

 
 

Последни новости