fbpx

Прес конференции

Царовска да им ги врати парите на учениците за свидетелства и да понесе одговорност

Интегрален текст од изјава за медиуми –  Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Зад нас имаме катастрофална учебна година, поради неспособната и самобендисана власт и министерката Мила Царовска.

За прв пат учебната година започна со еден месец задоцнување, беше пропратена со скандали и проблеми, а гледаме како почна така и заврши со гаф на министерството за образование и наука.

Имено на крајот на учебната година не се поделија сведителства за сите ученици во средното и основното образование без никакво логично објаснување. Единствено што слушнавме е дека истите ќе се поделат на почетокот на следната учебна 2021/22 година. Да биде скандалот поголем за сведителства им се бараат по 200 денари од ученик што ако се пресмета значи дека родителите неспособноста на министерството на Царовска ќе го платат со 30 милиони денари од својот џеб.

Ако се земе предвид дека според закон основното и средното образование се задолжителни и БЕСПЛАТНИ, тоа значи дека власта го крши законот. Затоа бараме одговорност  . Владата и Царовска треба веднаш да ги рефундираат средствата на учениците кои платиле  но и да понесат морална и политичка  одговорност за ваквото бесрамно пљачкање на народот во криза.

Во услови кога околу 600 илјади лица живеат во сиромаштија, а околу 35 илјади домаќинства се социјални случаи,  ваквите незаконски давачки се недозволиви.

Почитувани, цела јавност гледа со каква неспособна, а во исто време арогантна и неодговорна власт си има работа. Царовска не е способна сведителства на време да подели, а не пак да направи реформи во образованието и да спроведе вистинска дигитализација. Нив ги води само мотивот за пари и осиромашување на народот.

Последни новости