fbpx

Прес конференции

Николов: И по половина година откако во светот стартуваше вакцинација против корона, Филипче уште се вози на донации од вакцини

 

Интегрален текст од „Коментар на денот“ на Игор Николов

Почитувани,

Додека сите земји веќе говорат дали нивното население има имунитет и колкав дел од истото има имунитет, во Македонија не може да се каже дека има масовна вакцинација. Европа и регионот вакцинираат масовно веќе 6 месеци. Неспособноста на власта ги остави граѓаните без набавени вакцини и го зголеми ризикот за да се изгубат уште повеќе животи. 

Најавуваат за викендов или до крај на месецов набавка на 500 илјади кинески вакцини. А повторно се очекувала и значителна доза на Фајзер од КОВАКС механизмот. Од јануари па наваму, Филипче секој месец манипулира дека пристигнуваат нови и нови дози вакцини.

Тој не кажува, ама бројките кажуваат.

Во Македонија две дози на вакцини има примено околу 10% проценти на населението, значи далеку сме од колективен имунитет. Што ќе се случеше ако се вакцинираше во Србија? До каде ќе оди оваа неспособност на власта? 

Македонија е на високо петто место на светската листа по број на починати на 1 милион жители. Викендов во соседна земја се вакцинираа околу 20 илјади граѓани, а кај нас само ревакцинација.

Овие граѓани имаа дополнителни трошоци по вина на неспособноста на двоецот Филипче-Заев кои не обезбедија вакцини ниту на време. За колективен имунитет тешко може да се зборува.

Заради тоа ВМРО-ДПМНЕ побра трошоците за пат во соседна земја за вакцинација да бидат рефундирани од Владата.

Последни новости