fbpx

Прес конференции

Владата информираше пред три години дека сме добиле датум, денеска датум нема

Претседателите на собраниските комисии за надворешна политика на Македонија и на Албанија, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Мими Кодели од Албанија денеска од Скопје упатија заедничка порака до ЕУ дека двете земји треба да ги почнат преговорите за влез во Унијата и дека билатералните прашања меѓу земјите не треба да бидат ставани во рамката за пристапните преговори.

Милошоски истакна дека денеска, кога во Луксембург се одржува министерскиот совет, ќе има добри вести за Србија и за Црна Гора, кои ќе ги отворат меѓувладините конференции според новата методологија, но ќе биде уште едно разочарување за Македонија и за Албанија затоа што не очекува да се донесе одлука за почеток на преговорите.

--Дополнително разочарувачки за нашата јавност е и тоа што македонската влада уште пред три години информираше дека веќе сме добиле датум за почеток на преговорите. Доколку ЕУ продолжи да работи на ваков начин сметам дека и таа во самиот регион ќе продолжи да го губи својот кредибилитет бидејќи од 2009 година имаме препорака за почеток на преговорите, а ЕУ не успева да обезбеди консензус тие да започнат. Нашето мислење е дека ЕУ без Западен Балкан не би била целосна. Моето лично мислење е дека позади овие блокади можеби е видлива Бугарија како поединечна земја, но не сум сигурен дека Бугарија е единствената земја која во моментов не му дава приоритет на проширувањето, рече Милошоски.

-Нашето мислење е дека ЕУ без Западниот Балкан нема да биде целосна и моето лично мислење е дека позади овие блокади можеби е видлива Бугарија како поединечна земја, но јас не сум сигурен дека Бугарија е единствената земја која што не му дава приоритет на проширувањето на ЕУ. Веројатно, и некои други земји кои се потивки споделуваат некоја заедничка цел проширувањето да биде што побавно, смета Милошоски.

Тој смета дека доколку ЕУ сака да се направи исчекор во проширувањето, тоа може да го изменаџира и со Бугарија во однос на прашањето со Македонија.

-Очигледно е дека не постои доволно желба во самата ЕУ и дека не постои доволно кредибилитет во самата Македонија за некој да вложи таков политички капитал, рече Милошоски.

Во однос на Бугарија и тезата дека се разговара за јазикот и идентитетот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека според нивни информации весникот „24 часа“ бил брифиран од кабинетот на актуелниот премиер, а и самото одење на Зоран Заев во Софија и неговото поведение во изминатите години им дава за право да веруваат дека тој понудил нацрт – документ во неофицијална верзија што Владата не сака да го сподели со Парламентот и со новинарите.

Прашањето на Бугарија и Македонија, според него, може да се реши по примерот на Словенија и Хрватска, билатералните спорови да не се ставаат во рамката за преговори.

Последни новости