fbpx

Прес конференции

Одговори на новинарски прашања од прес конференција на Наум Стоилковски

Интегрален текст од одговори на новинарски прашања од прес конференција 

Новинарско прашање: Дали имате информации дали продолжуваат преговорите со Бугарија и дали сте оптимисти?

Одговор: За жал  не само како ВМРО онака како што го завршивте прашањето туку македонската јавност досега за сите преговори кои што Заев ги води дознаваме за жал од странски известувања од странски медиуми кои што што се повикуваат на своите официјални влади, лица, власта во својата земја. Тоа што го добиваме тука во Македонија се само прзни флоскули во обид за демант на она што не само го пренесуваат бугарските медиуми во моментов туку го пренесуваат и релевантни светски сервиси кои што не верувам дека би се осудиле да искористат нерелевантен документ од Бугарија веќе порачаа дека нема да има датум за почеток на преговорите, нема да има меѓувладина седница со тоа паѓа во вода и онаа лага дека Македонија има добиено датум, дека Македонија прави исчекор во интеграциите онаа лага на Заев на Бујар Османи на Никола Димитров за добиен датум и за почнати скрининг. За жал наместо онака како што во своите празни флоскули зборува Заев дека ги решава проблемите ја отвори пандорината кутија која што тешко дека ќе се затвори.

Новинарско прашање: СДСМ веќе му даде поддршка на Петре Шилегов повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје, дали ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе му го спротивстави Коце Трајановски или ќе има нов кандидат?

Одговор: Петре Шилегов е најлошото нешто кое му се случи на Скопје, по катастрофалниот земјотрес, човекот во фараонски манири ветуваше, а ништо од евтеното не исполни така што Шилегов и според мислењето на јавноста во Скопје било кој да му се спротивстави во моментов ќ биде подобар од него и ќе ги добие гласовите на скопјани. Во однос на внатрепартискиот избор на кандидати ВМРО-ДПМНЕ секогаш во однос на изборот на кандидати, колку тие ќе одговорат на потребите и ветеното кон граѓаните. Сеуште не се завршени конкретните детали за избор со коишто можеме да излеземе во јавноста, треба да поминат во партиските структури. Има и внатрешна и надворешна анкета кои се во тек и се испитува она коешто е капацитет на сите кандидати во сите општини, но и човечкиот капацитет на секој од кандидатите, можните кандидати кои што ќе можат да одговорат на она коешто ќе биде ветено пред граѓаните.

Новинарско прашање: Во едно интервју господинот Мицкоски најави коалиции со различни политички партии и начинот како би коалиционирал. Дали има нешто околу тоа во однос на локални избори?

Одговор: Во однос на локалните избори апсолутно да, можам само да ви кажам дека ВМРО - ДПМНЕ и досега има подадено рака кон сите оние што сметаат дека водството досегашно на локално и на централно ниво на СДСМ е најлошото нешто што можеше да се случи и за општините и за градовите и за Македонија. Сите оние што сакаат да се спротистават на овој криминоген режим се добредојдени во коалиција да го срушиме режимот. ВМРО ДПМНЕ е во постојана комуникација со сите релевантни политички партии во Македонија согласно тоа и политичките партии на етничките Албанци во Македонија.

Последни новости