fbpx

Прес конференции

Василевска: Реформите кои власта сака да ги прикаже како револуционерни и атрактивни се всушност гол популизам, зад истиот се кријат намерите за злоупотреба на 21.5 милиони евра заем од Светската банка

Почитувани,

Денес сме сведоци на уште една сурова реалност на хибридниот режим кој преминува во својот повисок диктаторски режим и самоволие со кој се однесува власта овој пат во ликот и делото на претседателката на собраниската комисија за образование, наука и спорт. Деловничкото право на процедурална забелешка на пратениците е ускратено со работењето вон деловникот со кое владеачкото мнозинство го злоупотребува правото на народните претставници за да ја замолкне опозицијата да ги аргументира и да се бори за легитимните и издржани аргументи кои се одраз на сеопштиот впечаток и на општествениот хаос кој секојдневно го наметнуваат и зголемуваат, оние кои ги плаќаме да се грижат за општото добро на сите македонски граѓани.

Со насилното прекинување на правото на пратениците за процедуралните забелешки и со грубото прекршување и злоупотребата на Деловникот, владејачкото мнозинство денес уште еднаш во низата на случаи употреби Деловничко насилие и со тоа ги загрози темелните човекови слободи и права загарантирани со Уставот.

По речиси пет месеци од одржаната јавна расправа по предлог на Министерството за образование и наука на Концепт за основно образование, Собранието се уште ги нема усвоено Заклучоците од истата.

За владата предводена од СДСМ и за министерката Царовска гласот на академската и стручната јавност, се комплетно неважни, за нив единствено е важно насила да протуркаат реформа која е штетна, која е неуставна и која има за цел да ги вдоми партиските кадри, да спроведе комплетна партизација во образовниот систем и да инсталира надворешни нарачки за сметка на националните и државните интереси на македонските граѓани.

Реформите кои тие сакаат да ги прикажат како револуционерни и атрактивни се всушност гол популизам зад истиот се кријат намерите за злоупотреба на 21.5 милиони евра заем од Светската банка, а тоа се пари кои ќе ги плаќаме сите вклучително и идните генерации, кои всушност ќе ја плаќаат сопствената национална и државна смрт.

Го повикуваме МОН да престане да врши терор врз неистомислениците и во исто време ги повикуваме сите медиуми и целокупната домашна јавност будно да ги следат случувањата на собраниската комисија за да се уверат во погореизнесените апели за однесувањето на владеачкото мнозинство и претседателката Лазаревска со опозицијата.

Собранието е на Македонија, а Македонија е на сите луѓе!

 

 

 

Последни новости