fbpx

Прес конференции

Арсовски: Бараме ДКСК да се изјасни дали има судир на интереси во случајот Митко Сандев - член на партија и судија поротник

Почитувани,

Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ, јас како Димче Арсовски доставивме барање до Антикорупциската комисија барање за мислење дали има судир на интереси кај судијата поротник Митко Сандев. Кој како што знаете е судија поротник во случајот „Талир“ каде што е замрзнат имотот на партијата, судија на кој што се навршени 60 години и треба да биде неговата функција прекината. Но сега и доставивме барање за мислење до Антикорупциската комисија за тоа што сме убедени дека има судир на интереси во неговата функција како судија поротник за тоа што членува во политичка партија односно во тело на политичка партија, а тоа е Партијата на пензионери.

Во барањето кое што го доставивме, тоа е ова барање, потпишано од нас, и јасно посочивме кои членови од Законот за судови се косат со членовите од Законот за спречување на корупција и побаравме мислење од Антикорупциската, така да се надеваме дека во најбрз можен рок ќе одговорат иако знаеме дека и тие се барем во досегашните случаеви слепи послушници на Зоран Заев.

Ова е пресериозен случај на кршење на Законите по две основи во случајот со Митко Сандев, судијата поротник како што знаете иако има навршено 60 години се уште претседателот на судот Иван Џолев не сака да побара прекин на неговото делување и функционирање односно на неговата функција до Републичкиот совет но еве има и една причина плус каде што ниту еден судија, судија поротник не смее да членува во политичка партија, а знаеме дека овој судија поротник Митко Сандев е член на политичко тело и тоа политичко тело односно политичка партија која што е во коалиција со власта односно во коалиција со Зоран Заев.

И повеќе од јасно е дека по повеќе основи се кршат Законите, во овој случај кој што се води против ВМРО-ДПМНЕ, но и против поранешни и актуелни функционери, така да она кое што го бараме е Антикорупциската комисија да покаже барем грам достоинство, чесност и морал, и да даде мислење по овој случај што побрзо.

Знаеме каков ќе биде исходот, така да бараме да одлучи што побрзо.

Во однос на претседателот Иван Џолев, ние веќе најавивме дека има рок до утре да поднесе барања до Републичкиот судски совет за прекин на функцијата на Митко Сандев заради навршени 60 години, еве му причина плус, така да доколку не поднесе како што рековме ќе има кривични пријави односно кривична одговорност.

Прашање: Господине Арсовски, Седат Пекер е уапсен, носителот на македонски пасош што оваа власт му го даде нелегално, кој е Вашиот коментар?

Одговор: Да, Седат Пекер, јас прочитав од медиумите дека е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи чинам, а многу едноставно мафијаш кој што цел свет го бара, кој што сите светски агенции и министерства за внатрешни работи и на другите држави го бараат да го уапсат за сторените дела и криминал, само Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат. Тоа е многу едноставно, тие се луѓе кои што имаат ист начин на делување, тие се најверојатно и пријатели. Така да само тие најдоа начин да го заштитат во Република Македонија, но и да му издадат пасош за да може слободно да се движи. Сите останати држави кои што се борат против криминалот, корупцијата и се останато, знаат каде му е местото на тој човек. Но, за жал Зоран Заев и Оливер Спасовски тука малте не го направија почесен граѓанин со издавање и македонски пасош. Едноставно е, да си ја работеа својата работа, одамна тие ќе ја спроведоа правдата, но очигледно тие се далеку блиски според она кое што можевме да го видиме и начинот на издавање пасоши. Мене би ме чудело да беа пријатели со некој нобеловец. Но бидејќи нивниот начин на делување е таков, за тоа функционираат со луѓе како што е Седат Пекер, но и оние останати нарко босови и криминалци или мафијаши кои што ги видовме дека добиле пасоши од власта на СДСМ. 

 

Последни новости