fbpx

Прес конференции

Димитриеска Кочоска: Ребалансот на буџетот во насока на предизборен поткуп

Почитувани,

Како никогаш досега е алармантна состојбата со најавениот ребаланс на буџет.

Нема пари за стопанството кое едвај преживува, нема пари за земјоделците, нема пари за помош на невработените, нема пари за угостителите, за занаетчиите, но има пари за социјални трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од сите граѓани.

Внимавајте, планиран е буџетски дефицит од над 6%, кој ќе биде финансиран со нови и нови задолжувања, а притоа од тоа нема да има никаква корист никој освен кога се во прашање лукративните интереси на Зоран Заев.

Со овој ребаланс се предвидуваат над 200 милиони евра за предизборен поткуп кој преставува грабеж на државната каса финансирана од граѓаните, а скриена во ставката субвенции и трансфери.

Најголем фокус на ваквиот ребаланс нема да биде индустријата и реалниот сектор, туку гломазната државна администрација. Со други зборови уништената економија и клекнатото стопанството ќе треба да ја хранат дополнително администрацијата заради политичките и теснопартиските интереси на Заев и власта. Заев пред изборите ветуваше мала и ефикасна администрација, Заев по изборите организира поткуп на државната администрација, платен со народни пари.

Со ребалансот Зоран Заев секое семејство ќе го задолжи за НОВИ 400 евра. Замислете власта која го крена долгот на највисоко ниво од над 7 милијарди евра или околу 63% од БДП, продолжува да задолжува само и само заради тоа што Заев сака да се спаси од дебаклот на изборите. Овој ребаланс ќе ги задолжи семејствата со нови 400 евра.

Зборува за повисоки планирани капитални инвестиции, а реализацијата заклучно со мај е одвај 22%.

Тоа што Заев со години го правеше во Струмица, каде општинскиот буџет беше употребен за кланот Заеви, сега сака да го преслика многукратно на државно ниво, без да има корист од тоа економијата и стопанството. Ова е докажан рецепт за амбис и грчко сценарио. Нити нешто се гради во Македонија, нити има инвестиции, БДП во првиот квартал опадна за 1,9% споредено со лани, се се сведува на гол популизам и поткуп, кој граѓаните најскапо го плаќаат.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е против ваков ребаланс на буџет кој никако не може да се квалификува како развоен. ВМРО-ДПМНЕ е против  грабеж на граѓаните.

Народот осиромашува, 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, растат цените на храната поради што животниот стандард секој месец е полош, 6.000 компании се затворија, расте долгот на државата кон приватниот сектор во услови на голема криза, приватниот сектор не знае како да исплати плата секој месец, а Заев наместо заживување на економијата нуди нови долгови заради теснопартиски хирови.

4 години власт на Заев се 4 години изгубени години за економијата и бизнисот.

ДОСТА Е!

 

 

 

 

 

Последни новости