fbpx

Прес конференции

Заев наредува, Џолев спроведува, насила се држи судија поротник кој до сега треба да е заминат во пензија во случаите против ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитувани,

Самоволието во правосудните органи на Зоран Заев и неговиот пулен во Судот, претседателот на Судот, Иван Џолев, деновиве може да се види уште еднаш на дело како тоа изгледа.

Зоран Заев наредува, Иван Џолев спроведува.

Имено, за што се работи? Митко Сандев е судија поротник во случаевите Талир, каде е обвинета ВМРО-ДПМНЕ и поранешни нејзини функционери, кој има навршено полни 60 години. Законот вели дека со навршување на 60 години, судијата поротник не смее повеќе да ја обавува таа функција и му престанува, што значи треба да биде заменет со друг судија поротник.

Ова е пропишано со закон и многу важно е што подлежи на кривична одгворност доколку не се почитува законот. Во раце ја држам одлуката на Уставниот Суд од 14 март 2007 каде е пропишан престанокот на мандатот на судија поротник со навршени 60 години.

Пуленот на Заев, Иван Џолев треба да поднесе иницијатива до Судскиот совет кај уште еден човек поставен од Заев, тоа е Црвенковска претседателката на судскиот совет, за прекин на мандатот на судијата поротник Митко Сандев. Нормално, по наредба на Заев, Иван Џолев не поднесува никаква иницијатива за престанок на функцијата на Митко Сандев со навршени 60 години, со што сака дополнително да врши терор врз ВМРО-ДПМНЕ, кој на Заев во моментов му е многу потребен бидејќи се ближат локалните избори, но и ВМРО-ДПМНЕ сериозно води на анкетите.

Со ваквата постапка, Иван Џолев прави кривично дело за непочитување на законот и институциите и се однесува како деспот во Судот, додека пак настрана од тоа што и самиот Џолев може да одговара кривично за непочитување на закон, свесно го турка и кутриот Митко Сандев во кривично дело вршејќи му притисок да не ја напушта функцијата судија поротник, иако мора да ја напушти затоа што има веќе полни 60 години.

Прекршувањето на законот за Џолев и кривичната одговорност очигледно не му значат ништо само за да ги задоволи желбите на Зоран Заев којшто го поставил, но свесното туркање и притисок врз Митко Сандев кој му го прави Иван Џолев може да значи сериозен проблем и кривична одговорност за човек на кој по закон му престанува функцијата судија поротник и човек кој треба да ужива во остатокот од пензионерските денови, наспроти тоа Иван Џолев свесно го турка во кривична одговорност, да сноси човекот одговорност.

Затоа јавно прашуваме, дали Иван Џолев е човекот кој му вршел притисок на Митко Сандев и му се заканувал да не ја напушта функцијата и незаконски да делува како судија поротник, што целата понатамошна постапка за случаевите ја прави незаконита?

Дополнително, мораме да потенцираме, дека ваква пракса за менување на судија поротник кој навршил 60 години е редовна и нормална, имајќи во предвид на пример дека судскиот совет го разрешил одреден судија поротник во основниот суд во Гостивар и назначил нов и вакви случаеви можеби годишно има десетици но и стотици.

За да биде притисокот поголем, вчера седница имал судскиот совет и на една од точките разрешувал судии поротници со навршени 60 години, каде според нашите информации еден таков бил и скопскиот суд, но тоа не бил Митко Сандев, но кога станува збор за Митко Сандев и процесите против ВМРО-ДПМНЕ, тука ниту се почитува закон ниту се гледа правдата.

Иван Џолев за едни работи според закон, за други работи според личните желби на Зоран Заев.

Еден апел и порака лично до претседателот на Судот Иван Џолев, да не ја обесчестува функцијата претседател на Судот, колку и да му е должен на Зоран Заев затоа што го поставил на таа позиција тој мора  да работи според закон, односно да ги преземе неопходните иницијативи уште веднаш, бидејќи и самиот тој е свесен дека кривично ќе одговара доколку продолжи да го прекршува законот, само заради желбите на Зоран Заев.

Линк од видео материјал:

.be

Последни новости