fbpx

Прес конференции

Јанушев: Денес што се случуваше во Комисијата за избори и именувања е уште еден доказ колку се погрешни политиките кои што ги води оваа власт преводена од СДСМ и Заев

Почитувани,

Она што денеска се случуваше на Комисијата за избори и именувања само докажува колку се погрешни политиките кои што ги води оваа власт преводена од СДСМ и Заев. Наместо Владата да се насочи кон тоа на што побрзо да се донесе закон за работа на Уставниот суд, или да пронајде начин како Уставниот суд би играл клучна улога во зачувувањето на уставниот поредок како што тоа е пример во сите развиени европски држави или да се обидеме оние кои што се во Уставниот суд да бидат навистина оние најпаметните, најпрофесионалните луѓе со дигнитет, гледаме уште еден обид на власта на еден крајно шверцерски, на едно крајно компромитирачки начин, пошто – пото значи да се стави таа точка на дневен ред. Притоа кршејќи ги буквално сите процедурални правила веќе којзнае по кој пат во работата во Собранието, и цело време обидувајќи се да ја дефокусираат јавноста со тоа што ќе го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека го бојкотира Собранието.

Значи идеме во една ситуација каде што тезата која што се поставува е или ќе ни помине се што сакаме без притоа да водиме грижа за Уставот, Законот, и процедурите или доколку некој ни се спротивстави, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе го обвиниме ВМРО-ДПМНЕ дека го бојкотира Собранието.

За жал мешањето на баби и жаби, особено во овој случај од страна на Костадинов, а секако по наредба на Заев и СДСМ веќе не поминува кај граѓаните.

Само за да ја доловам целата ситуација на она што денеска се случуваше на Комисијата за избори и именувања имавме 21 точка дадени во предлог Дневниот ред од кои што за седум точки воопшто не ни беше доставен никаков материјал, а притоа од нас се бараше значи да го гласаме истиот Дневен ред.

Кога процедурално реагиравме на таквите забелешки на самата седница, ни беа доставени некакви материјали за кои што нели немавме ни време да ги погледнеме за што станува збор. Од она што барем јас лично успеав го погледнам за време на траење на седницата, сепак видов дека за три точки меѓу кои и за првата точка, а тоа е утврдување на предлог за нови уставни судии воопшто не беше доставен никаков материјал, па дури ни барањето кое што од Уставниот суд би требало да е пратено до Собранието на Република Македонија дека мандатот истечен на толку и толку судии и дека треба толку и толку судии да се бираат. Така што воопшто немаше создадени услови да се работи на седницата.

Но уште еднаш, односно на Комисијата уште еднаш го видовме лицемерието на власта и нивниот дрзок шарлатански однос, бидејќи беше ускратено правото на збор, значи она што го гледаме во секојдневните говори за демократија и демократски принципи и за едноставно за дијалог значи е само нешто кое што си го даваат на прес конференции и изјави. Но, кога треба да се покаже на дело ништо, ништо од тоа. И уште еднаш ќе повторам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа удостоени да им се даде збор за да го аргументираме односно се обидовме да аргументираме зошто не беа создадени услови за да Комисијата започне со работа. И дадовме многу конструктивен предлог истата да биде прекината да се дополни дека не е ништо итно и дека може попладне утре да се продолжи со работата, кога ќе ни бидат доставени материјалите на увид.

Познати ли се имињата на кандидатите за испразнетите места во уставниот суд и дали ВМРО-ДПМНЕ има свои кандидати?

Одговор: Официјално како што кажав не се познати, од причина што буквално никаков материјал не е доставен, ниту пак поради таа ситуација што ја имавме денеска се отпочна нели со дискусија, материјална расправа во однос на таа точка. Но, неофицијално се шпекулираат повеќе имиња, односно и вие ги имате истите слушнато. Не сакам воопшто да помислам дека има вистина во тоа, бидејќи како што пред малку кажав Уставниот суд по примерот нели на сите високо развиени демократски држави треба да биде заштитник на уставниот поредок и таму треба да има луѓе кои пред се професионално веќе го имаат достигнато својот лимит, луѓе кои се независни, луѓе кои размислуваат со своја глава и никако не се политички поврзани и пред се со доволно интегритет и дигнитет, за да можат да застанат зад своите одлуки.

Прашање: Вие кои ќе предложите, или сепак ќе ја почекаме седницата?

Одговор: За да можеме да разговараме дали и кои би биле тие што ние би ги предложиле, прво треба да го видиме официјалниот документ, да видиме дали станува збор за еден, два, три, пет судии, а вака се што ќе зборуваме ќе остане нели едноставно празна слама. Бидејќи навистина неофицијално што сите ние си го разговараме за тоа каква е ситуацијата е една работа, но кога станува збор за ваков избор мора да се запази прво процедурата, а секако дека понатаму во давањето на предлози е дека мора тие предлози да ги исполнуваат овие услови кои што претходно ги кажав.

 

 

 

 

 

Последни новости