fbpx

Прес конференции

Стојаноски за договорот со Бугарија: Го повикуваме народот да биде внимателен и сериозно да ги следи состојбите, на Заев не може да му се верува

Зоран Заев и владата водат тајни разговори со Бугарија. Заев да каже што прифаќа, и дали на маса е македонската национална посебност?

Го повикуваме народот да биде внимателен и сериозно да ги следи состојбите бидејќи на Заев не може да му се верува. Тој до сега безброј пати покажа дека едно ветува, а друго прави.

Заев се колнеше во најмилото, и тврдеше дека идентитетот е бетон, а потоа се случи нешто сосема друго.

Зоран Заев криеше од јавноста и дека воопшто преговара, за откако ВМРО-ДПМНЕ го прозва да признае. Сега Заев крие за што разговара.

ВМРО-ДПМНЕ е сериозно загрижена за државата. Сите ги знаеме бугарските позиции. Но, никој не ги знае позициите на Зоран Заев, тој јавно ги менува своите ставови и ја понижува Македонија.

Заев јавно кажуваше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти, исто како и јазиците. Заев во своите интервјуа сто пати ги продаде нашите историски личности. После таквите испади на Заев тој нема повеќе преговарачки капацитет. Позициите на Македонија со Заев се разнишани и постои сериозна опасност дека секој договор што тој би го постигнал ќе биде на штета на државата.

ВМРО-ДПМНЕ однапред кажува дека нема да почитува договор кој ќе значи негација на Македонија, нејзината национална посебност, јазик и историја.

Дополнително го повикуваме Заев јавно да каже и да ја запознае јавноста за што преговара и дали на маса е нов национален пораз.

Уште еднаш апелираме до народот со големо внимание да ги следи случувањата и да биде подготвен да ги браниме националните црвени линии.

4 години со Заев само порази, 4 години со Заев украден живот. Доста е!

Линк од видео материјал:

.be

Со почит,

Последни новости