fbpx

Прес конференции

Коментар на денот - Сланинкоски: Ниту план има, ниту животот дојде во општина Центар

Интегрален текст од „Коментар на денот“ на Митко Сланинкоски

Почитувани,
СДСМ и Саша Богдановиќ дојдоа на власт со програмата „План за Живот“. После 3 ипол години видовме дека ниту план има, ниту животот дојде.Наместо Центар да биде прва во промените, предводник на нови идеи и решенија станавме општина за потсмев.На центарци им беше ветувано многу.Чист воздух, запирање на градежните активности, нова сала на Работнички, нови паркиралишта, вертикални градини, паркови за миленици, гасификација, депо за хаварисани возила, реконструција и изградба на дури 42 улици се дел од ветувањата во 2017-та година.

Секако ништо од ова не е реализирано.

Но, затоа Богдановиќ предизборно се пушти во акција. За помалку од еден месец тој најави дека ќе купи 3 возила за чистење на сметот, потпиша договор за енергетски фасади (досега нема изградено ниту една), ќе реконструира училници, ќе реконструира спортски сали, училишта и реконструкција на  дури 14 улици.

Општина Центар не е општина која подеднакво се грижи за своите граѓани. Имаме цели маала во најбогатата и најразвиената општина во Македонија што сеуште живеат во субстандардни услови. Канализација нема, улиците се во ужасна состојба, немаат осветлување како нивните сограѓани од другите делови на општината.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени тоа.

Имаме план. Имаме желба. Имаме знаење за тоа како треба да изгледа една модерна и современа општина. Во периодот што следува ќе бидеме помеѓу нашите сограѓани, ќе ги слушнеме нивните мислења, желби и критики се со цел Центар да биде подобро место за живеење.

Последни новости