fbpx

Прес конференции

Одговорност е да се штитат националните интереси, а неодговорно е што Заев спрема национално предавство, jавно повикувам да каже за што преговарал?

 

Зоран Заев денес вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите кои ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик.

Да, сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на БГНЕС е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара.

Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува.

И на крај, повикувам јавно Заев да каже што содржи документот кој се преговара од двоецот Заев-Бучковски и зошто тој се крие од јавноста?

Доста е! Се работи за Македонија!

Линк од ФБ статус:

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1882559991919451

Последни новости