fbpx

Прес конференции

Сајкоски: Власта да не ги лаже граѓаните, од терен може да се види дека од брз експресен патен правец Градско – Прилеп нема ништо

Почитувани,

Се наоѓаме на трасата на она што требаше да биде брз експресен патен правец Градско – Прилеп. Но, од тоа што го гледаме тука нема никакви градежни активности односно власта, министрите и покрај тоа што многу пати најавуваа и сегашниот и поранешниот министер дека овој патен правец ќе биде завршен во 2020-тата година, но тука нема никакви градежни активности.

Лагите, корупцијата, криминалот и неработата е одлика на министрите во оваа Влада.

Од терен можеме да видиме дека од брз патен правец, од експресен пат нема ништо тука.

Тука е се оставено во заборав на времето.

Апелираме до министерството, до властите, до Владата да не ги лаже, да не манипулира со граѓаните. Бидејќи како за криминал, како за корупција така и за несработена работа се одговара.

Потрошени се огромни средства, пари, но за жал денеска не може да видиме дека тука постои експресен пат.

Оштетени се граѓаните од овој регион. Наместо да има брз проток на стоки и услуги, денес имаме руиниран пат за кој што се потрошени средства, а ништо не е сработено.

Драги господо од власта освестете се и мора некој да одговара за ова што ништо немате сработено.

 

 

 

Последни новости