fbpx

Прес конференции

Арџанлиев: Искината e геотекстилната мембрана на депонијата, која штити од загадувања на почвата, 3.5 години на Поцков не му текнува да ја заштити со речен песок

Почитувани,

Градската депонија три дена гори и го загадува воздухот во Гевгелија, последиците се очигледни, и се на товар на сите нас, а локалната самоуправа е само нем набљудувач без конкретни мерки за надминување на овој проблем

Но, она што треба јавноста во општина Гевгелија да го знае е ЗОШТО се уште не е ставена во функција новата депонија кај с. Ново Конско,

Проект кој Поцков го наследи со превземањето на локалната власт пред 3,5 години, во кој удел имаа УНДП и општина Гевгелија.

Гевгеличани требаше да бидат сведоци на отварањето на новата времена депонија уште во јуни 2020-тата година, датум за кој Поцков во изјава за Канал 5 вети дека Гевгеличани најпосле ќе ја добијат новата депонија.

За жал при последната контрола од страна претставници од УНДП констатирани се голем број недостатоци во новата депонија заради неспособноста на оваа локална власт.

После 3,5 години се уште не е издадена Б-Интегрираната дозвола за работа, која според министерството за животна средина треба да овозможи отпочнување со работа на времената депонија со неопасен отпад.

После 3,5 години сеуште на новата времена депонија нема вода и струја, иако општината набавила  фотоволтаични системи кои Гевгеличани ќе ги чинат 907.741 денар или 15.000 евра.

На лице место на новата депонија констатирано е дека геотекстилната мембрана  која служи за заштита од загадување на неколку места е искината затоа што 3,5 години експертите функционери на СДСМ заборавиле истата да ја заштитат со речна песок.

Во каква состојба е јавноста може да види од сликите направени на новата депонија

Сега Поцков треба да каже на кој начин ќе се депонира отпад кога депонијата веќе има големи оштетувања и кој ќе сноси одговорност за настанатата ситуација.

Почитувани,

После ова и после секој изминат ден, на сите во Гевгелија ни е јасно дека локална власт на чело со Поцков го достигна врвот во неработење и скандали, веќе е јасно дека станува збор за луѓе кои немаат визија, луѓе кои единствено ги бидува за матни зделки кои ги прават на товар на граѓаните.

Општина Гевгелија има огромен капацитет за просперитетна општина, денес во Гевгелија требаше да размислуваме за нови работни места, за решавање на проблемите со недостатокот на паркинг места, за покривање на нови зелени површини и за многу други проекти, наместо да зборуваме за проекти од суштинско значење за подобар живот на гевгеличани кои тоа го заслужуваат, но од вашите ветувања со често користената честица „ЌЕ“, нема ништо, затоа граѓаните на наредните избори ќе ве казнат и повторно ќе ве вратат во опозиција.

 

 

 

Последни новости