fbpx

Прес конференции

Коментар на денот - Јорданов: СДСМ во Штип не исполнија ни 30% од предизборните ветувања, „Животот за сите“ енајголемата лага

 

Почитувани,

Во Општина Штип, дури двајца градоначалници треба да одговараат за изборна измама.

Градоначалничкиот мандат едвај го поминаа двајца избраници на СДС, кои заеднички ветуваа, но на општо разочарување, на успејаа да ги остварат своите изборни програми.

Штипјани останаа без брана на река Отиња, жичара на Исарот, спортско рекреативен центар Суитлак, сала за боречки вештини, сала за кино проекција;

Гасот не протече низ домаќинствата, јавните институции и компаниите;

Не се направија термоизолациони фасади, ниту катните гаражи;

Младите не се вратија во Штип, нема нови инвестиции, не се развија ниту постоечките индустриски зони;

Земјоделците во Караорман не добија вода за наводнување на нивите, туку добија закана за запирање на водата за пиење.

Нема напредок во ниту една сфера од секојдневието на граѓаните, кое допринесува за нискиот рејтинг на владеачката гарнитура.

Затоа, во 5 до 12 се обидуваат да ја сокријат нивната неспособност со чистење на отпад, со садење на 2-3 дрвца на ударни локации во градот.

Почитувани,

СДСМ во Штип не само што направија изборен инженеринг, туку со манипулирање на граѓаните сакаат да сокријат дека немаат исполнето ниту 30% од нивните предизборни ветувања. Затоа, „Живот за сите“ и „Во сигурни раце“ ќе останат запаметени како збир од најголемите лаги на кои посведочиле моите сограѓани.

Линк од видео материјал: 

.be" target="_blank" rel="nofollow noopener noreferrer">
.be

 

Последни новости