fbpx

Прес конференции

Мицкоски: Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд, процесот мора да се врати отпочеток и да не си игра Заев со трпението на народот  

Интегрален текст од изјава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе.

Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај.

Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд. 

 

 

%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95

Последни новости