fbpx

Прес конференции

Арсовски: ЈО и МВР на Заев наместо да го приведат рекетарот, тие ловат во матно и бараат свиркачи помеѓу професионалците

 

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Најголем показател за тоа дека се заглавени до гуша во криминал крими-кланот Заеви е тоа што наместо да го приведат рекетарот од аферата која ја обзнанивме, тие ловат во матно и бараат свиркачи помеѓу професионалците.

Срамота.

Државата во која криминалците ги малтретираат професионалците, покажува дека зошто сме на 111 место на листата за корупција и зошто се уште ќе тонеме се подлабоко и подлабоко. Одговорот е заради крими картелот Заеви.

Вчера наместо да сееја страв низ институциите и да заплашуваат луѓе, Јавно обвинителство и МВР  требаше да ги прибере на разговор и да дадат изјави оние што стоеле во пријавата за барање рекет, братот на премиерот Вице Заев, Васко Ковачевски, Столе Чифлигароски, како и овие што се обиделе да фалсификуваат документи во пријавата и да бришат нечии имњиа.

Заеви се на колена, фатени се во уште еден криминал заглавени до гуша и затоа своите пипци низ институциите ги ставаат во заштита на нивниот криминал.

Цела година никој од обвинителството, ама баш никој не смеел да го отвори случајот против братот на премиерот за обид за рекетирање и изнуда на над 250.000 евра, а згора на се и некој таму извршил фалсификат.

Па има ли покорумпирано правосудство кое е во служба на еден крими-картел како Заеви?

Има ли покорумпирани јавни обвинители од овие кои што го штитат криминалот на СДСМ и на Заеви?

Обрачот се стеснува и сите го напуштаат бродот кој тоне. Крими-картелот се обидува сите што може да ги пушти низ вода, само за да се спасат тие самите од затвор. На крајот од денот, Заеви остануваат сами во својот криминал и мора да одговараат.

За крај, дали Зоран Заев ќе молчи се уште или конечно ќе одговори, зошто му биле тие 250.000 евра на Вице Заев кој како што рекол, се ближел референдумот, која била неговата улога во референдумот и дали можеби со тие 250.000 евра требало да се врши поткуп за некој глас плус на улица или во Собрание помеѓу пратениците?

Нема потреба да молчи, нека одговори, бидејќи ако биле спремни да рекетираат, сега треба и да се подготвени да одговараат на прашања, но и да одговараат пред лицето на правдата.

 

%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95

 

Последни новости