fbpx

Прес конференции

Арсовски: Според пријавата која отпосле е фалсификувана Ковачевски барал 250.000 евра во кеш за Вице или СВ ИНВЕСТ да врши 50% од ископот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Сведоци сме како јавност на уште една пријава за рекет од крими-кланот Заеви, каде што овој пат барале 250.000 евра во кеш.

Ако некогаш се сомневавте зошто сме 111 место во светот по корупција, одговорот е затоа што Вице Заев, Зоран Заев, Васко Ковачевски, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и уште многу други се на слобода и ја користат формалната и неформална моќ за рекетирање на бизнисмени и насилно одземање на нивната работа, како и за фалсификување на документи како во конкретниот случај кој што го објавивме.

Накратко она што го видовме во пријавата, фирмата Рубитон добиваат работа од РЕК Битола, Васко Ковачевски и Стојан Чифлигароски од нив бараат да им дадат половина работа од тендерот на СВ Инвест која што е во сопственост на Чифлигароски, што не е законски, потоа бараат да им го дадат целиот тендер на СВ Инвест, што исто така не е законски, за потоа да бараат лично да се однесат лично 250.000 евра, повторувам 250.000 евра во кеш во Вила Парк во Струмица директно на Вице Заев.

 За на крај, големиот рекетар Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев да се изнервира и да им се налути на сопствениците на Рубитон, по што насилно РЕК Битола ги брка Рубитон и им прави штета од над половина милион евра и на крај работата во договор со 4 очи да ја зема СВ Инвест, фирмата која што претходно барала да ја земе работата без внимавајте ниту една машина и механизација. 

Лудилото на крими-картелот Заеви отишло до таму да фалсификуваат и менуваат официјални документи од пријава на оштетените од фирмата Рубитон, се со цел само за да го избрише името и да го спасат братот на премиерот кој има невиден мерак да рекетира бизнисмени.

Ако до сега требаше да се теретат и да одговараат за едно дело, обидот за рекетирање и изнуда на 250.000 евра, дело за кое обвинителството не мрднало со прст цела една година, сега веќе има и второ дело кое треба да се истражи, кој тоа имал смелост да ги менува внатрешните листови од пријавата.

Почитувани,

Јавното обвинителство со ваков очигледен случај, ако сеуште молчи и уште денес не отвори случај за овие 2 криминални дела, уште еднаш ќе потврди дека е само нем послушник и соработник на крими-картелот Заеви.

Горенаведените ликови кои што веќе ги споменав веќе требаше да бидат повикани во обвинителството да дадат искази и за нив да се водат соодветни процеси.

Едно треба да им биде јасно на крими-кланот Заеви. Тие го трчаат последнот круг и ниту граѓаните, ниту пак свиркачите, оние храбри граѓани кои што доставуваат материјали не им се плашат. Тие веќе се завршена приказна и она што е најважно е дека за сето ова мора да има фер процеси каде што правдата ќе биде задоволена за сите страни.

Никој не може и не смее да помине неказнето, ако барал 250.000 евра во кеш затоа што некој чесно добил тендер и бил најдобар понудувач.

Затоа, за сето ова треба да се сноси одговорност од власта, а не да плачат по медиуми фигуративно кажано како опозицијата нив ги напаѓала. Ги напаѓаме и ќе ги напаѓаме затоа што се во криминал до гуша и нема да ги оставиме на мира додека не одговараат за целиот сторен криминал онаму каде што има индиции и онаму каде што го сториле.

Нормално ќе одговараа преку едни фер процеси каде што сите страни на правда ќе бидат задоволени.

Прашање: Дали ќе го поддржите утрешниот протест за уставобранителите?

Одговор: Да, го поддржуваме и се приклучуваме кон повикот за протест, ги повикуваме сите оние граѓани којшто мислат дека тие луѓе неправедно се затворени да излезат и да го искажат својот револт, сакаме да апелираме знаејќи со кого си имаме работа, граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, ниту пак било какви можности за насилства, ова ќе биде мирен протест, и треба да биде мирен за да се искаже револтот на граѓаните. Сосема е јасно дека станаа жртви на политиките на Зоран Заев кој сега преку признание дека не се виновни си ги пере рацете, а судијката која ги осуди над 200 години оние луѓе којшто скапуваат во затворите е избрана за уставна судија и потоа претседател на уставниот суд Кацарска не може да го брани уставот на Република Македонија којшто во моментов е нејзина задача.

Прашање: Коментар за вчерашната изјава на господинот Румен Радев?

Одговор: Ние би сакале уште еднаш да прашаме каков договор има Зоран Заев за историјата со соседна Бугарија она коешто исто така мораме да го констатираме и прашаме Зоран Заев мора да и соопшти  на целата Македонска јавност вистината за распродавањето на Македонската историја и идентитет, и Заев исто така мора да признае каков договор направил за Свети Кирил и Методиј, Свето Климент, Свети Наум, Цар Самоил исто така треба да прекине да се фали и да го понижува Македонскиот народ дека успеале да се договорат замислете за 5 историски личности и 3 историски периоди со Бугарија во исто време кога го кажа тоа не кажува за што се договориле и каков е договорот, дури замислете најави дека следен за решавање бил Гоце Делчев, ова е јасно признание дека се преговара за идентитетски прашања и продолжува насилната промена на идентитет кое што ги прави Заев и СДСМ и Македонските граѓани добро знаат дека кога Заев се договара губи цела Македонија, јасни се црвените линии, не смее да се преидат.

Последни новости