fbpx

Прес конференции

Милошоски од Охрид: Владата не е спремна да помогне на стопанствениците, време е да има промена на централно и локално ниво

Денеска тука со колегите пратеници сме присутни во Охрид прво затоа што имаме со Германската фондација Конрад Аденауер еден заеднички проект во соработка во однос на локалните избори, комуникација со граѓани, развој на програми за локална самоуправа и како поуспешно и со помош на германската ЦДУ да стигнеме до подобар изборен резултат.

Втората работа која што сакам да ја спомена е дека ќе го искористиме престојот тука за да направиме средби со повеќе стопанственици од туристичкиот сектор и од други сектори во Охрид кои што гледаме дека се многу погодени од работењето на владата која што не им дава приоритет, ниту пак сериозни решенија за да ја надминат оваа тешка кризна ситуација која што на Охрид асе одразува со зголемување на бројот на невработени лица.

Сметаме дека ваквиот начин на запоставување на целиот Охридски регион само дополнително ја влошува економската ситуација за граѓаните на Охрид, Струга и околината и мислиме дека оваа власт и на локално и на централно ниво не е способна и не е спремна да им помогне на стопанствениците на соодветен начин и време е да има промена на власта.

Тоа се генерално двете пораки од Охрид.

 

Последни новости