fbpx

Прес конференции

Стоилковски: Шилегов од ЗЕЛС не го интересираат тендерите на Марин, така функционира СДСМ

Почитувани,

Златко Марин со СДСМ во Аеродром направил јавни набавки, тендерите и склучил договори во коишто поединечни цени на производи се и до 45 пати поскапи од цените на истите такви производи во малопродажба во продавница.

Ако купувате за дома едно метро метална цевка, во продавница вие би ја платиле некаде околу 170 денари, но кога Марин со ваши пари, пари од данокот, кога купува со пари од буџетот на општина Аеродром, тој истата таква цевка ја плаќа 7.650 денари само за еден должен метар! Нагласувам, без ДДВ, додека во продавница вие би ја платиле цената со ДДВ.

Исто така, не може еден дрвен столб од едно метро во продавниците кои што продаваат градежни материјали на мало чини 10 евра, а Марин на тендер да треба да го плати и го платил 300 евра, повторно без ДДВ. Невозможно е, но тендерите на Марин го покажуваат и невозможното. Ама тоа има други име, и се вика основно сомневање за криминал.

Да појаснам, основата на криминалот и на корупцијата се крие во деталите, во поединечните ставки во тендерите, а не само во целиот тендер, дали добила, била избрана најниската цена на целата понуда. Што ако е избрана најевтината понуда, ако даска е 300 евра, цевка е 150, една сијаличка во тендерот е 800 евра?

Така работи СДСМ, така работат градоначалниците на Заев, така работи скопскиот клуб на градоначалници воден од Шилегов. Шилегов го води ЗЕЛС, а Марин е таму. Марин нема одговор за овие цени, ниту пак Шилегов има одговор, можеби и не го интересира како претседател на ЗЕЛС, зошто Златко Марин во Аеродром плаќа 300 евра за едно метро даска, или цели 800 евра за сијалица? Па дали можеби и други градоначалници во нивните тендери имаат такви даски и сијалици по тие цени или пак можеби повисоки, пониски. Но тоа е тема од која што Марин и Шилегов од ЗЕЛС бегаат! И повторно сакаат да се кандидираат за градоначалници!

Почитувани,

Ова е теркот на работа на Марин, ова е теркот на работата на градоначалниците на СДСМ. И не само во Скопје. Ова е теркот на работата на СДСМ на Заев. Дали Марин, Шилегов, Заев мислат дека ова ќе им помине и дали мислат дека нема да има одговорност, не знаеме, тоа е во нивните глави. Но сигурно е дека по локалните избори ќе има ревизија на работењето на Златко Марин како градоначалник на Аеродром и ревизија на сите негови постапки и набавки со општински пари.

 

 

Последни новости