fbpx

Прес конференции

Димитриеска Кочоска: За да нема зголемување на даноците, владата треба веднаш да го запре расипничкото трошење на државните пари

ПОЧИТУВАНИ,

ВМРО – ДПМНЕ И ПОРАЧУВА НА ВЛАДА И НА ЗАГОВОРНИЦИТЕ ЗА ПОВИСОКИ ДАНОЦИ.

ДОСТА Е!

ДОСТА МУ ЗЕМАТЕ ОД УСТА НА НАРОДОТ СО ВАШАТА РАСИПНИЧКА ПОЛИТИКА!

ДОСТА ГО МАНИПУЛИРАТЕ НАРОДОТ И ВОДИТЕ СКРИЕНИ ПОЛИТИЧКИ ИГРИ!

ДОСТА ЗА ВАШЕТО РАСИПНИЧКО ТРОШЕЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ПАРИ ПРАВИТЕ АЛИБИ ДЕКА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ДАНОЦИТЕ Е ЗАРАДИ ПОМОШ НА НАРОДОТ!

ДОСТА Е. ОД КОГА СТЕ НА ВЛАСТ СИ ИГРАТЕ СО ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА И КРЕИРАТЕ НЕСИГУРНО ДАНОЧНО ОПКРУЖУВАЊЕ!

 

Почитувани,

Точно пред ДВА месеци како опозиција прашавме: Каде нѐ води Владата на ДУИ во која Зоран Заев само аминува?

Мотивацијата на нашата реакција беше интервјуто на министерот за финансии Фатмир Бесими на телевизиско интервју во кое, обелодени дека Владата прави план како ОПШТИНИТЕ да добијат повеќе пари од централниот буџет. Планот бил или да се издвои поголем процент од даноци за трансфер од централниот буџет до општините или да се зголемат даночните стапки, вклучително ДДВ-то и персоналниот данок. Во тоа интервју министерот НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ СТАПКИ. Тогаш јавноста се шокира, за да шокот се ублажи со образложение дека настанал проблем во преводот!

Но сега почитувани мои граѓани, гледаме дека НЕ Е проблем на преводот, туку дека беше најава и испитување како ќе реагира јавноста, исто како што е неодамнешната изјава на академик Таки Фити.

За сѐшто се случува денес, НИЕ како опозиција предочивме пред кризата, во текот на кризата, а сега дојде признание директно од МАНУ. МАНУ призна дека дојдовме до плафонот на јавниот долг и дека е потребна итна фискална консолидација. Но, почитувани се заговара зголемување на даночните стапки? Прашуваме: Зошто фискалната консолидација не започне од расходната страна на буџетот? Зошто не се посегне прво по СИВАТА економија? Зошто не ги консолидирате прво финасиите НА ЦЕНТРАЛНО И НА ЛОКАЛНО НИВО? Зошто кај некои општини наплатата на даноците е ниска, а некои немаат наплата на данок на имот? Зошто во некои општини се трошат државни пари за скапи коли и ручеци среде криза? Зошто за ова никој не сноси одговорност? 

Зошто посегнувате по расположливиот доход на граѓаните кога ТРЕБА ВЕДНАШ, А ТРЕБАШЕ И ВЧЕРА да го запрете расипничкото трошење на државните пари, да ги запрете вработувањата во јавната администрација, да престанете со корупција на највисоко ниво, со тендери во четири очи на блиски луѓе на Зоран Заев, да престанете со огромните суми на трансфери до невладини организации за ваша промоција. ДА ПРЕСТАНЕТЕ со сѐ она што НЕ остава простор за капитални инвестиции, за финансирање на здравство, за образование и за помош во економијата.

Зголемување на даноците при тежок пат на опоравување на економијата е надвор од секаква логика.

1.    Воведување на прогресивен данок при нарушена ликвидност и солвентност на фирмите само ќе значи продолжена тенденција на отпуштања и продлабочување на невработеноста или пак ќе влијае негативно врз потрошувачката. Прогресивниот данок кај персоналниот доход веќе доживеа КАПИТУЛАЦИЈА – ВЛАДАТА САМА ПРЕСМЕТА, КАЖА И ГО ЗАМРЗНА.

2.    Зголемување на даночната стапка на ДДВ-то во услови на континуиран раст на малопродажните цени на производите и услугите, дополнително ќе ја подгрее ИНФЛАЦИЈАТА. Инфлацијата при ниски примања и голем број на изгубени работни места, дополнително ќе ја зголеми СИРОМАШТИЈАТА. Сето ова ќе ја убие, и вака, ниската приватна потрошувачка. ЗАРЕМ ТОА ГО САКАТЕ?

3.    Воведување на КРИЗЕН ДАНОК по примерот на 2001 година, требаше да биде воведен во текот на 2020-та година за да не креирате толку голема буџетска дупка и раст на јавниот долг. НО во исто време требаше да ги скратите непродуктивните трошења, да ги замрзмете вработувањата во јавната администрација како по примерот во 2009 година при глобалната финансиска криза, и да не се расфрлате со државните пари – демек за помош на населението, а сѐ беше само за предизборен поткуп. Сега на населението јасно му е и тоа малку што му се даде – набргу ќе му се земе од оваа Влада.

4.    Воведување на еколошки данок е потребен за инвестиции во обновливи извори на енергија, како по примерот на многу развиени земји. Но, оваа Влада не покажа капацитет за справување со еден од најголемите проблеми во нашата земја, со загадувањето на воздухот. Уште повеќе видовме дека и самата дополнително го создавала овој проблем, а гледаме како ги уништува и природните ресурси, како езерата кои исчезнуваат.

5.    Во земја во која сивата економија е околу 30-40% од БДП и не е оданочена, треба да се почне од неа. Почнете од справување со сивата економија и на тој начин во буџетот ќе генерирате дополнително најмалку 200-250 милиони евра буџетски приходи.

Зајакнете ја даночната администрација.

Зајaкнете ги инспекциските служби, а не да вработувате по наредба некомпетентни инспектори, а другите да ги отпуштате заради критична мисла.

Зајакнете го даночниот морал на фирмите и населението со тоа што во пракса ќе покажете дека нема да крадете и да ги трошите безполезно државните пари.

Ако ја интегирате и оданочите сивата економија ќе имате повеќе пари за образование, здравство, за иновации, за дигитализација, за капитални инвестиции, за екологија, и пари за општините, а НЕМА да има потреба за зголемување на даноци.

Почитувани, јасно ни е на сите дека тоа не и одговара на ОВАА ВЛАСТ – која троши без компас само за зачувување на своите фотелји. Најлесно е да се зголемат даноците, но тешко и мачно е да се намалат непродуктивните трошења и да се справат со сивата економија. Од 2018 година имаат Стратегија за формализирање на неформалната економија во Република Македонија, за период 2018-2022 година, којашто стои во фиока четири години. Не видовме никаква имплементација! Само дебатираат, држат конференции, прават стратегии, но сѐ останува на лист хартија, а тонењето на нашата држава си продолжува.

Затоа, почитувани граѓани, ние како опозиција ќе го вложиме целиот наш капацитет да се спротивставиме на зголемувањето на даноците. А, кога ќе падне оваа Влада, што ќе биде наскоро, НИЕ ќе почнеме борба против сивата економија, корупцијата и криминалот, кои сега царуваат со СДСМ и ДУИ.

Ќе почнеме по потешкиот пат, ама нема да посегнеме по зголемување на даноците! 

 

 

 

Последни новости