fbpx

Прес конференции

Стојаноска: СДСМ се махери за глума и лицемерие, го одбија барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Законот за здравствена заштита да биде изгласан и донесен по скратена постапка

Почитувани,
СДСМ се махери за глума и лицемерие, но и велемајстори за криминал.
На денешната пленарна седница во Собранието на Македонија, СДСМ и владејачкото мнозинство го одбија барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Законот за здравствена заштита да биде изгласан и донесен по скратена постапка.
Лажните борци за подобро здравство за граѓаните, денес го покажаа своето вистинско лице. Тие не сакаат брзи и ефикасни решенија во интерес на граѓаните за справување со последиците од КОВИД пандемијата, тие не сакаат да помогнат на граѓаните во никој случај. За нив се важни само провизијата и личното богатење и ништо повеќе од тоа.
Ова е скандалозно и срамно однесување на СДСМ и владејачкото мнозинство. Ова е срам за кој македонската јавност мора да слушне и мора да знае. Граѓаните мора да знаат кој одлично глуми и лаже, а кој искрено се бори и ги брани интересите на граѓаните.
Имено, сакаме да ја информираме јавноста дека СДСМ и владејачкото мнозинство денес го одбија нашиот предлог со кој се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници. Дополнително, предложивме оние кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство. Исто така, предложивме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.
СДСМ и колегите од мнозинството немаат слух, ниту желба да излезат во пресрет на граѓаните и егзистенционалните и здравствени проблеми со кои се соочуваат илјадници граѓани.
Македонската јавност мора да знае дека токму поради шарлатантското, арогантното и криминалното работење на Заев и Филипче, граѓаните нема да можат да плаќаат поефтини и подостапни цени за лекување од КОВИД, туку ќе продолжат да плаќаат астрономски суми од неколку илјадници евра за да го спасат сопствениот живот. Очигледно за Заев и Филипче, развозувањето со мотор, криминалните шеми и личното богатење се поважни од здравјето и животот на граѓаните. За нив, секојдневното губење на животи се само статистичка бројка, а провизијата од набавка на вакцини примарна цел.
Дополнително, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница од мнозинството побаравме и дополнување на дневниот ред со исклучително важните закони кои ги имаме поднесено изминатиот период, а власта досега ги игнорираше.
Побаравме денес да се дискутира за Предлог законот за служба во армијата, за Законот за тутун, како и за Законот за основно образование со кој бараме предметот Историја да биде посебен предмет, но владејачкото мнозинство и за овие наши барањa нема никаков слух и дрско ги одби.
Ова е класична ароганција, насилничко однесување и игнорирање на потребите и барањата на граѓаните. На овој начин СДСМ владее во Македонија, на овој начин СДСМ се грижи за граѓаните.
Оттука, сакаме да потенцираме дека кога власта и владејачкото мнозинство ќе говорат за блокада на Собранието, да го имаат на ум сопственото однесување кон граѓаните и кон опозицијата и конечно да разберат дека за последиците од ваквото нивно однесување единствени виновници ќе бидат самите тие и никој друг, најмалку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот, уште еднаш сакаме да порачаме дека државата мора да биде во служба на граѓаните, а не заложник на Заев и Филипче или заложник на партиските и коалициските интереси на СДСМ и власта. Граѓаните не смее да бидат колатерална штета на неодговорната и криминална власт предводена од Заев и СДСМ. 

https://www.youtube.com/watch?v=cwV8zwWm4TI

Последни новости