fbpx

Прес конференции

Коментар на денот - Миленковски: Граѓаните на Пробиштип се уверија во неспособноста на градоначалникот Атанасовски, потребни се промени

Интегрален текст од „Коментар на денот“ на Маријан Миленковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на Пробиштип е пример за поговорката дека на лагата и се кратки нозете. Во лагите и неспособноста на градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов веќе се уверија сите сограѓани. Наместо подобар живот што го ветуваше граѓаните добија неспособна, крајно партизирана локална власт.

Граѓаните на Пробиштип добија секојдневно труење од депониите коишто горат речиси секој ден, а тука е и јаловишната депонија.

Пред нас е четврто лето како СДСМ на власт не го реши проблемот со недостиг на вода за пиење на жителите од горните зони на градот, иако имаа цел наследен проект од претходно.

СДСМ и нема свои проекти во Пробиштип, освен да уништи тоа што го наследи.

Да зборуваме за Минеролошката збирка, објектот којшто требаше да биде репрезентативен, а е објект кој протекува. Од Спомен парк, направивте бетонски бункер. Ниту нови спортски содржини за најмладите нема, не успеавте да ги зачувате и веќе постоечките.

За каков економски развој зборувавте на изборите? Од економскиот развој и трите нови индустриски зони, кои ви беа оставени во наследство од претходната локална власт успеавте да издејствувате само еден мал објект, се разбира за марихуана, но и тој никако да проработи.

Објаснете зошто од ветената програмата реализиравте помалку од 20%  цел мандат?

Каде ви се 500-те км асфалт само во Пробиштип,  со кои се фалевте дека ќе сте ги направиле?

СДСМ и Анастасов ги заборавивте граѓаните и проблемите на Пробиштип.

Злетово, тотално го заборавивте, како да не е дел од оваа општина. Од многу лаги е и лагата за патното поврзување Пробиштип - Злетово - Пониква.

Ги запоставивте сите помали населени места, како таму да не живеат луѓе.

Колку треба човек да е неук и заслепен од власт и лажни ветувања за да уништи здравствена институција во време на пандемија и на нејзино место да прави старечки дом. Да го лажеш сопствениот министер за здравство дека во тој простор не се врши здравствена дејност. Затоа Ковид позитивните пациенти во Пробиштип примаа и сеуште примат терапија буквално во подрум. Згора на се, при таков објект монтиравте и шатор, навистина жално.

Затоа денес:
-Центарот за јавно здравје е исселен во несоодветен објект,
-Гинеколошката ординација заедно со родилиштето е уништено,
-Специајлистичкиот дел  уништен,              
-Објектот е сведен на селска амбуланта.

Пробиштип не го заслужил тоа. Граѓаните на Пробиштип заслужуваат подобра власт. На Пробиштип му требаат луѓе кои ќе работат единствено за приoритетите и потребите на пробиштипјани. Промени мора да има и ќе има!
 

Последни новости