fbpx

Прес конференции

Шахпаска да се охраби и да не се плаши од Царовска, да побара одгoворност од нејзината свекрва и директорката на „Ангел Шајче“

 

И неколку дена по труењето на педесетина дечиња во кумановската градинка „Ангел Шајче“ молчи директорката на градинката и свекрвата на Царовска.

Свекрвата на Царовска е задолжена за хигиената како медицинско лице и таа исто како и директорката мора да сноси одговорност.

Нема одговорност, нема оставки.

Педесетина деца се заразија, а МТСП кое ги има надлежностите над градинката уште од времето кога Царовска беше министер не реагира.

Царовска како министер за труд и социјална политика ги зема надлежностите на Максим Димитриевски и со тоа стана заштитник на нејзината свекрва.

Зошто и се земени надлежностите?

Дали е вистина дека невенчаниот сопруг на Царовска снимал и спотови со дрон за градинката каде е вработена неговата мајка, поточно свекрвата на Царовска?

Дали се работи за други интереси? Зошто власта молчи? Дали се штити свекрвата на Царовска?

Одговорност мора да има! Не може педесетина дечиња да се затруени, а никој да не понесе одговорност!

Ја повикуваме Јагода Шахпаска, да се охрабри и да не се плаши од Царовска и да побара одговорност од директорката и свекрвата на Царовска.

Шахпаска како министер за труд мора да ги штити децата, а не функционерите од власта.

Доколку Шахпаска не се охрабри и се плаши, треба да знае дека одговорност ќе има и за неа.



 

Последни новости