fbpx

Прес конференции

Одговор на новинарско прашање од прес конференција на Антонијо Милошоски

 

Новинарско Прашање: Господине Милошоски ваш став за гласините дека треба да се реши проблемот со Бугарија за почеток на преговорите со Европската Унија и коментар околу Зоран Заев кој тврдеше во изминатите две три години дека само што не се почнати преговорите?

Одговор: По однос на почетокот на преговорите помеѓу Македонија и ЕУ ќе истакнам дека Македонија заслужи почеток на преговорите уште 2009 година кога ја доби препораката од Европската комисија дека е спремна да ги почне преговорите за членство. по однос на тврдењата на Зоран Заев и барањето изговори, ние сме зачудени како може истиот човек кои 2018 година кој тврдеше дека Македонија ги почнала преговорите за членство денес да бара изговори зошто Македонија не ги почнува преговорите за членство. во 2018 година немаше вето од Бугарија но преговорите не беа отпочнати денес имаме дополнителни проблеми, а еден од проблемите за неотпочнување на преговорите е големата корупција на чие што чело е Зоран Заев, а како држава сме на 111 место хибриден режим по перцепција на корупција.

Линк од видео материјал: 



Со Почит, 

Последни новости