fbpx

Прес конференции

Шефот на турската мафија го демантира Заев, бил кај него на гости! Што разговарале Заев и Пекер во домот на премиeрот?

 

Почитувани,

Судската постапка за случајот Мафија гледаме дека тече со минимални казни затвор за кои што треба да ги направат топовско месо некои административци во управните служби на МВР, додека одговорност по хиерархија кај министерот или другите надредени нема и не се знае кој е организаторот на целиот процес во кои биле издадени 214 патни исправи, на светски нарко босови, на платени убијци и на терористи.
Меѓу лицата кои добиле македонска патна исправа е и Седат Пекер, шеф на турската нарко мафија, кој е баран со потерница од страна на Република Турција, а кој во Македонија престојувал цели 3 месеци, се движел со полициска придружба, како да станува збор за државник и се среќавал со политичари од власта.

Лично Седет Пекер во видео обраќање од пред два дена кажа дека го познава македонскиот премиер, дека се пријатели и дека бил кај него дома
Сега се поставува прашање што крие Заев од јавноста и што треба јавноста да знае за неговата релација со Седат Пекер?

Зоран Заев тврдеше дека не се познава и не се среќавал со Седат Пекер, додека СедатПекер тврди дека се среќавал со него и со неговите коалициони партнери. Ова признание од страна на Пекер кажува дека Заев лажел, и не само што се среќавал, туку дека бил негов гости во неговиот дом.

Нашето прашање до Заев е следново:
Кога имал средба со Седат Пекер надвор од Скопје?
Второто прашање до Заев е, колку од советниците на Зоран Заев во неговиот кабинет оствариле средба со Седат Пекер?
И нашето трето прашање е, со кои високи функционери од МВР октомври 2020 година, Седат Пекер имал средба во хотелот „Буши“ за што е известена и Агенцијата за национална безбедност?
Сметаме дека на овие три прашања Заев мора да одговори за да се расчисти ситуацијата околу тоа кој дал налог за издавање на 214 пасоши на нарко босови од регионот кои што се барани со меѓународни потерници.
Единствената точка која што ги поврзува Седат Пекер и Зоран Заев според она што може логично да се заклучи се наркотиците. Седат Пекер работи со трговија на дрога на меѓународно ниво, додека Зоран Заев и неговите братучеди работат со бизнис за марихуана на ниво на Република Македонија, а како што видовме преку шоферот на семејството на Зоран Заев истиот беше фатен како превезува марихуана преку акција на Американската агенција ДЕА.

Дали можеби марихуаната била предмет на разговори помеѓу Заев и Пекер или можеби разговори се воделе за можни инвестиции на Седат Пекер во угостителскиот и трговскиот – туристичкиот сектор на Македонија.
На овие прашања редно е да одговори Зоран Заев затоа што јавноста на секој поминат ден дознава е повеќе информации за комуникацијата која што Заев и лично и преку своите советници во кабинетот ја имал со меѓународниот нарко мафијаш Седат Пекер.

Затоа сметаме дека Зоран Заев е човекот кој што знаел зошто Седат Пекер кога бил уапсени не бил протеран во Турција по кого што државата има објавено потерница, а исто така и Интерпол, туку бил екстрадиран во соседно Косово.

Дали бил постигнат договор помеѓу Зоран Заев и Седат Пекер да не биде овој мафијаш екстрадиран во Турција туку да биде засолнет во соседно Косово.
За тоа сигурно одговор има господинот Зоран Заев и треба да се запрашаа дали со ваквиот однос и одмага или помага на Турција како партнерска НАТО земја во борбата против организираниот криминал и трговијата со наркотици.

Очекуваме ЈО да отвори истрага по овој предмет, да го повика лично и Зоран Заев на разговор, но да повика и неколку советници од кабинетот на Зоран Заев кои што оствариле лично средби со мафијашот Седат Пекер изминатите неколку месеци.

 
 

Последни новости