fbpx

Прес конференции

Милевски: Наташа Петровска мандатот го потроши во уништување на Битола, никој жив не знае каде ги потроши 120 милиони евра

Интегрален текст од „Коментар на денот“ на Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

Три и пол години Битола нема градоначалник. Градот и граѓаните се оставени сами на себе.

Пред 3,5 години се ветуваше чист воздух и стотина проекти, живот за сите, а на крајот испадна само живот за СДСМ.

Наташа Петровска и нејзината неспособност, се одлика на целата мизерија на СДСМ. Истата таа градоначалничка во заминување, мандатот го потроши во уништување на Битола.

Ова го потврди и нејзиниот шеф, кој не ја стави на листата на градоначалници, кои заслужуваат да добијат втор мандат.

Никој жив не знае каде се потрошија 4 општински буџети или над 120 милиони евра, а можеше да ги реализира и претходно обезбедените 100 милиони евра за капиталните проекти: гасификација, топлификација и пречистителна станица.

Овие пари на граѓаните, доколку умееја и знаеја да ги реализираат, значително ќе го подобреа животот, за кој толку гласно викаа дека ќе го донесат во Битола.

Но јасно е „со лага, ага не бидува“.

Шетате по Широк Сокак направен од ВМРО ДПМНЕ, градскиот парк направен од ВМРО ДПМНЕ, по градските улици правени и санирани од ВМРО ДПМНЕ, се фалите со индустриска зона, иницирана и реализирана од кој? Од ВМРО ДПМНЕ.

Во се ова имате и едно добро дело, му докажавте на овој намачен народ, дека освен за лицемерие, пустење, криминал, лаги и понекоја гимнастичка акробација, за ништо друго не ве бива.

На сите ни докажавте кои ви се квалитетите и за кого треба да го дадат гласот битолчани наскоро, без разлика колку мовчиња, во меѓувреме ќе санирате.

Во вашата програма пак има безброј лажни ветувања, за кои нема ниту време на оваа прес конференција, да бидат наброени.

Наивно е да се очекува од партија која е обвинета од народот за велепредавство, дека ќе се грижи за локалниот развој на една општина.

Граѓаните на Битола веќе знаат дека СДСМ ќе изгуби на следните локални избори, бидејќи секогаш кога вие сте на власт тоа е елементарна непогода за Битола.

Последни новости