fbpx

Прес конференции

Коментар на денот – Јорданов: Штип плаќа 3.5 милиони денари за набавка на систем за каков во 2019 платиле 1.4 милиони денари, ЈО да го истражи случајот

 

Почитувани,

Индиции за матни и криминални зделки се појавуваат и во мандатот на овој градоначалник на Општина Штип. 

За неодамна склучениот договор за систем за зонско паркирање и наплата на паркинг преку СМС пораки, Јавното Претпријатие „Стипион“, кое е под директна надлежност на градоначалникот, потрошило околу 3.500.000 денари. 

Договорот пак, од 2019-тата година, за истата услуга, со многу посериозни услови наведени во техничката спецификација, изнесувал само 1.400.000 денари.

Во контекст на овие јавни податоци, поткрепени со информации стигнати до ВМРО-ДПМНЕ, го повикуваме градоначалникот да одговори:

Дали е вистина дека овој Договор е склучен, поради притисокот од влијателен, познат македонски бизнисмен, близок до градоначалникот?

Дали е вистина дека цената на овој Договор е толку висока, поради процентот кој е ветен на градоначалникот за склучување на истиот договор?

Дали градоначалникот има оправданост за потрошениот неразумен износ на народни пари?

Зошто во 2021 година се даваат дури 3.500.000 денари, за помалку услуги, во однос на 2019-тата година, кога за пообемни услуги се потрошени 1.400.000 денари?

Градоначалникот е должен да одговори на овие прашања, меѓутоа истите, треба да ги истражи и Јавното обвинителство. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за овој случај, а надлежните имаат обврска да утврдат зошто и како во пандемија, за услуга иста од 2019-тата година, општината троши 250% повисока сума народни пари.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=UMFXvKnej50

со почит,

Последни новости