fbpx

Прес конференции

Стојаноска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни.

Наместо СДСМ да ги обвинува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, редно е да седнат и да изработат проект за нов Клинички центар па потоа ќе се дискутира за заем за реализација на ваков сериозен капитален проект.

Имено, да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за непостоечки проект, а истовремено тоа да го бара најкорумпираната Влада во Европа е крајно бесмислено и несериозно.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на Ургентен Клинички центар кој би бил наспроти приватната болница „Жан Митрев“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8ми Септември“ и исто така изградба на уште три Универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра.

Иако Заев го побарал овој предлог на увид до ден денешен сеуште нема никакви реакции по истиот.

Срамно и лицемерно е СДСМ да го поврзува овој значаен проект со ковид кризата и со тоа да ја крие нивната неспособност бидејќи досега имаа скоро пет години да започнат со изградба на нов Клинички центар и истиот денес ќе беше во завршна фаза но тие немаат ниту изготвено проектно решение.

 

Последни новости