fbpx

Прес конференции

Нелоски: Шилегов со парите на скопјани купува едно противпожарно возило со скала по цена на две

Почитувани,

Мрзеливиот и арогантен градски апаш Петре Шилегов набавил едно противпожарно возило со скала по цена на две такви возила. Како добавувач на возилото се јавува фирма од Будимпешта под името „Хороскоп“, каде капитално е поврзана и „Армор плус“, преку нејзиниот косопственик од Хрватска каде косопственик е и зетот на секретарот на Град Скопје, десната рака на Шилегов.

Дали ова не е судир на интереси? Алармот за злоупотреби е вклучен на најсилно, а ЈО не реагира.

Мрзеливиот градски апаш Шилегов го купил противпожарното возило со скала за 1.723.621 евра. А, додека пак Град Загреб купил идентично такво возило, од истиот производител по цена од 794.052 евра плус ДДВ,  односно речиси дупло повеќе од вредноста на хрватската скала сме платиле ние скопјани.

Тоа се околу 900.000 евра повеќе, почитувани. Каде и во чиј џеб завршиле овие пари?

Цената на возилото кое го набавил Шилегов е скоро двојна поголема од цената која Град Загреб ја платил за истото возило. Оттука залудни се сите обиди на Шилегов за правдање дека плаќал дополнителна опрема. Која е таа дополнителна опрема која чини повеќе од самото возило со скала? Ова не држи ни дотолку логика заради фактот што и возилото во Загреб е целосно опремено и функционално.

Дополнителната опрема која Шилегов ја спомена на македонската скала, ја има и хрватската. На пример тоа е заштитна корпа. Од фотографиите од набавката на хрватската скала јасно се гледа дека таква корпа има и скалата која е купена за 930.000 евра помалку од таа во Скопје. Значи Петре лаже.

ВМРО-ДПМНЕ не ја спори потребата од набавка на скала, но спори тоа што таа е скоро 900.000 евра поскапа од онаа во Загреб, која што е речиси идентична.

Мрзеливиот градски апаш Шилегов да ги даде документите на увид за јавноста да види дел по дел колку е платена секоја единечна ставка.

Очекуваме не само ДКСК, туку и ЈО да се вклучи и да отвори истрага. Сомнежите за злоупотребиасе огромни. Јавноста мора да добие одговори, но и да има одговорност, за тоа како мрзеливиот градски апаш Шилегов со парите на скопјани купува едно возило по цена на две, односно повеќе од двојно го преплаќа?!

 

 

Последни новости