fbpx

Прес конференции

Коментар на денот - Костовски: Мандатот на Смилевски помина во лага и неспособност, без реализација на еден проект

 

Почитувани,

Општина Бутел е целосно заборавен општина. Поминаа четири години од мандатот на градоначалникот во обид Велимир Смилевски. Четири години лаги и класична неспособност на дело.

Смилевски предизборно ветуваше десетина покрупни проекти за општина Бутел, а нема ниту трага, ниту глас за ниту еден од ветените проекти. Оттаму нема ниту логика да зборуваме за процент на реализација на неговата предизборна програма.

Одговорно тврдам Смилевски нема реализирано буквално ништо од ветеното.

Ветената поликлиника ќе остане една од поголемите лаги во историјата на општина Бутел, додека пак ветените гасификација и парно греење се класични политички измами кои граѓаните нема да му ги простат.

Смилевски вети нови детски градинки, паркови, плоштади, спортски комплекси, уредување на коритото на реката Серава, противпожарен пункт, нова полициска станица, сето наведено од ветување прерасна во безобразна политичка лага која максимално го спушти стандардот за локални избори во нашата општина Бутел.

Градоначалникот во обид Велимир Смилевски во населените места Бел Камен и Кучевачка бара вети канализација, додека пак во селото Љуботен Велимир Смилевски заедно со неговиот шеф Зоран Заев на еден собир сурово ги прелажаа мештаните и ветија дека прв приоритет ќе им биде поставување на водовод во селото. Секако ништо од тоа.

Општина Бутел на чело со Смилевски за четири години има потрошено речиси 2 милиони евра за непотребни, непродуктивни привремени вработувања и со тоа општината е државен рекордер по привремени вработувања. Но, тоа што е загрижувачки е тоа дека иако општина Бутел има превработеност со три пати повеќе кадар од потребното, општината и градоначалникот во обид Смилевски сепак на сите истражувања за успешност на општините се на самото дно.

Бутелчани знаат дека еден градоначалнички мандат не смее да се сведе на асфалтирање на неколку улички, променување на улични светилки и префарбување на училишни огради.

Токму затоа за многу скоро граѓаните на општина Бутел непосредно ќе ги казнат СДСМ и Смилевски како најнеспособна комбинација која владеела со општина Бутел.

Овие залудно потрошени 4 години ќе мора да се вратат со многу добар план, многу работа и чесност.

Почитувани,

Општина Бутел заслужува многу повеќе.

 

Последни новости