fbpx

Прес конференции

Нелоски: Шилегов платил над 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала, додека за истото возило во Загреб е набавено за двојно пониска цена

Почитувани,

Шилегов е фатен со рацете во медот. Петре Шилегов со народни пари платил 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала на фирма од Будимпешта, во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје. Шилегов плаќа, а зетот на неговиот најблизок соработник става во џеб.

Почитувани,

Ова е договорот помеѓу Град Скопје и фирмата „Хороскоп КФТ“ од Будимпешта, вреден 1.723.621 евра.

Противпожарното возило со скала произведено од истиот производител како тоа купено од Град Скопје, истото возило Град Загреб го платил по повеќе од двојно пониска цена, односно 794.052 евра плус ДДВ.

Почитувани,

Ова се слики од возилото од Загреб.

Како е возможно исто противпожарно возило со скала во Скопје да чини повеќе од двојно од тоа во Загреб? Дали скоро милион евра разлика завршила во нечиј џеб и во каква поврзаност има Петре Шилегов со тоа?

Со 1.723.621 евра колку што чини набавката за противпожарното возило со скала купено од Шилегов во Загреб ќе купеле две такви возила. Фирмата која би го набавила сигурно би остварила профит, но немало да постои разликата во цени од скоро еден милион евра.

Залудни се обидите на Шилегов да се правда дека возилото кое тој го набавил има дополнителна опрема и затоа е поскапо. Возилото кое Шилегов го набавил е платено двојно повеќе од тоа во Загреб. Ова е срамота, ова е аздисаност за жал на сметка на скопјани.

Петре Шилегов мора веднаш да одговори зошто платил повеќе од двојно за набавка на противпожарно возило со скала, и практично од парите на скопјани се ставени скоро еден милион евра во нечиј џеб?!

ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за набавката на противпожарното возило со скала, и да се истражи каде завршиле скоро еден милион евра разлика во цена.

Скопје заслужува да биде европски град, Скопје ќе биде европски град, наскоро Петре Шилегов заминува, а потоа ќе има одговорност за се.

 

 

Последни новости