fbpx

Прес конференции

Едвај половина од средствата со кои се фали власта, завршиле кај граѓаните и економијата, затоа народот осиромашува, а власта се богати

 Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Даниела Маркоска од СДСМ

 
Само во СДСМ имаат розеви очила и продолжува со манипулации да ја замајува јавноста. Реалната слика со македонската економија е катастрофална и залудни се прес конференциите на СДСМ.

Граѓаните гледаат дека поради нивната неспособност и лошите економски мерки над 6.000 компании згаснаа, а над 60 илјади работници останаа без работа. Дополнително уште толку граѓани на Македонија не земаат редовни плати.

Од најавените средства со кои  владата се фали, едвај половина завршиле кај граѓаните и кај стопанството, ама затоа кај непродуктивните трошоци, матните тендери и дебелите хонорари реализацијата е потполна.

Народот галопирачки осиромашува додека власта се богати. Затоа имаме состојба во која премиерот јаде со златни лажици додека илјадници семејства едвај врзуваат крај со крај во месецот.

Последни новости