fbpx

Прес конференции

Коментар на денот-Донев:Покачувањето на цената на водата е резултат на новите вработувања во ЈП Водовод Охрид

 Интегрален текст од „Коментар на денот“ на Сашо Донев, Претседател на ОК  ВМРО-ДПМНЕ-Охрид

После двојното зголемување на надоместокот за колектор, уште еден удар врз џебот на граѓаните, Георгиески излезе со предлог за зголемување на цената на водата за пиење.

Граѓаните треба да знаат дека покачувањето на цената на водата е заради предложениот бизнис план до регулаторна комисија од страна на ЈП Водовод и градоначалникот Георгиевски. Од него јасно може да се види дека причината за поскапувањето на водата се вработувањата во ЈП Водовод.

Граѓаните ги плаќаат новите вработувања на Георгиески од нивниот џеб, прво со зголемување на цената на водата и второ со зголемување на фиксниот надоместок на 100 денари за физички и на 120 денари за правни лица.

Жално е што Георгиески парите на граѓаните ги троши за вработувања на неговите лични послушници, а и ден денес имаме граѓани кои немаат микробиолошки чиста вода за пиење и лична хигиена.  

Последни новости