fbpx

Прес конференции

Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми Април

Интегрален текст од изјава за медиуми –   Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

И по 4 години не е расчистен случајот и неправедно осудени граѓани лежат со големи казни по македонските затвори.

Сведоци сме дека веќе постои пракса на повторување на судски постапки врз база на изјави, затоа посакуваме и повикуваме на расчистување и на овој случај, односно да се добие можност за повторно и овој пат се надеваме, правично судење.

И еден изминат час или ден поминат во затворска келија на неправедно осудени луѓе им е како година.

Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш сме осудувале и ќе осудуваме секаков вид на насилство и оттука повикуваме вакви настани никогаш повеќе да не се случат и повторат, но повикуваме и во Македонија конечно да почнат да владеат правото и правдата.

Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми април.

Последни новости