fbpx

Прес конференции

Џафери не дозволи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да дисктура по однос на интерпелацијата на Спасовски

 

Почитувани,

Наместо Собранието да биде дом на граѓаните и место каде се дебатира за теми кои се од интерес на тие кои не упатиле да ги претставуваме, продолжува трендот на самоволие и непочит кон процедурите од страна на мнозинството.

Денес, Талат Џафери не дозволи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да дисктура по однос на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова следи по скандалозното однесување претходната недела со кое од дневен ред се тргнаа интерпелациите за Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски.

Собраниското мнозинство на СДСМ и ДУИ секојдневно покажува зошто Македонија е карактеризирана како хибриден режим и зошто меѓународните организации укажуваат дека имаме нефункционални институции.

За прв пат во 30 години повеќепартиски систем на најголемата опозициона партија и е оневозможено да збори за интерпелацијата на еден министер, чие работење го обележуваат многу скандали.

Наместо Собранието да биде институција за контрола на владата, Владата преку Талат Џафери го контролира Собранието.

Наместо Претседателот на Собранието да работи согласно Деловникот и да обезбедува услови за демократска работа, тој со неговото авторитарно однесување создава атмосфера во која работата на Собранието ќе биде се понеефикасна, а одговорноста ќе биде на собраниското мнозинство и лично на Талат Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во театралната интерпелација режирана од страна на Џафери и СДСМ и затоа ја напуштивме денешната Седница.

Собранието на е Дом на СДСМ и ДУИ. Собранието е Дом на сите граѓани.

Последни новости