fbpx

Прес конференции

Попов: Законот за млади не се спроведува во предвидениот рок, младите во Македонија никогаш не биле повеќе разочарани од сега

Почитувани млади,

Како политичка партија која што учествуваше во донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, како и во креирање на интегралниот текст на Законот, имаме сосема легитимна и оправдана причина да прашаме зошто Законот не се спроведува, и зошто ниту еден предвиден рок во истиот Закон не е испочитуван? Ние бевме дел од носењето на тој Закон, но обврската за спроведување на истиот остана на Вас од СДСМ, како Влада која е предводена од Вашата политичка партија.

1. Имено, предвидено е формирање на локални канцеларии за младите во секоја општина во рок од една година од донесување на Законот.

2.  Со член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, предвидено е одредување на службеник за млади од страна на органите на државната управа, кој што се уште во најголем дел од органите не е одреден и назначен, иако во Законот е предвиден рок од една година.

3. Зошто не е отпочнат процесот за креирање на Национална стратегија за млади, која во Законот е предвидена да финишира 18 месеци по донесувањето на истиот.

4. Според податоците на локалните самоуправи, во најголем дел од општините во Република Македонија, не се формирани младински совети, а онаму каде што се формирани, истите не функционираат.

5. Предвидено е воспоставување на истражувачки центар за различни теми поврзани со младите, од страна на Агенцијата за млади и спорт, во рок од една година од донесувањето на Законот, кој денес се уште не е воспоставен.

6. Зошто не е формирано Националното советодавно тело за младински политики?

7. Зошто не е формирано Национално собрание на млади, кое важи како една од главните цели за функционирање и спроведување на овој Закон.

Почитувани млади на Република Македонија, овој Закон за младинско учество и младински политики е донесен на 24.01.2020 година. Сите набројани рокови се отпочнати да течат со денот на донесувањето на овој Закон, а ниту една од споменатите обврски не е исполнета!

Дали овој Закон на СДСМ беше уште еден во низата на Закони за чист популизам? Како ќе ги погледнете во очи младите луѓе и ќе им кажете дека ги излажавте за се што ветивте со овој Закон?

Постои само едно решение за излез од оваа состојба, а тоа е оставка заради неисполнување на ниту една од ветените популистички мерки, и оставка затоа што младите во Република Македонија никогаш не биле поразочарани, и никогаш не биле помалку на број! Младите заслужуваат подобро.

 

 

Последни новости