fbpx

Прес конференции

Петрушевски: Управа за матични книги дала милион ипол евра за две години на нови фирми отворени непосредно пред огласите

Почитувани,

Во ист ден кога Управата за матични книги склучила половина милионски договор со новоформираната фирма „Новатек Инв“ склучила и договор за набавка на софтвер од 11.5 милиони денари, односно околу 200 илјади евра со фирмата „Аукта“.

Исто како и во случајот со „Новатек Инв“, така и „Аукта“ се работи за релативно нова фирма, која е единствен понудувач на огласот и цената на која е склучен договорот слична со проценетата вредност на договорот.

Премногу слични случајности во тендерите и тендерските постапки на Управата за матични книги?!

Во огласот кој го добива „Аукта“, покрај најниската цена е ставен и критериумот број на квалитетна изведба. Истата оваа компанија го добила и тендерот во 2019-та година, но тогаш вториот услов не постоел. Тој тендер во 2019-та година и бил и прв тендер кој го добила, откако била формирана, а е за дигитализација на матичните книги во висина од околу 110.000 евра пишува „Фокус“.

Во 2020-та година во март „Аукта“ повторно склучува ист договор со Управата во висина од 357 илјади евра.

Со ова за софтвер, хардвер и дигитализација Управата за матични книги потрошила вкупно 1.5 милиони евра за две години, и тендерите ги добивале фирми кои се формирани непосредно пред објавување на огласите, односно чиј прв тендер бил токму тој добиен од Управата.

Го повикуваме ЈО и ДКСК веднаш да отворат случај во однос на овие набавки и да ги испитаат сомнежите за злоупотреби. Одговорност мора да има.

 

 

Последни новости